Македонија
„Дали бизнис-тандемот Филипче – Заев имал акции во индиска авиокомпанија“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Молкот на Венко Филипче е потврда и доказ дека СДС и Филипче не ги интересира народот, туку провизиите од висококатниците во Дубаи и сопствените лукративни интереси. Филипче ја игнорира јавноста, а со тоа покажува дека единствен фокус му е како да дојде до власт за повторно си делат провизии, тендери и да ги шират фамилијарните бизниси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тендер тандемот Заев-Филипче молчи за потеклото на златните визи за Дубаи. Дали бизнис партнерите Филипче-Заев имале акции во индиска авиокомпанија и од каде им се средствата за градење 50-катница во Дубаи?
Како Заев, од просечно земјоделско семејство, стаса до сопствеништво на авиокомпании, и каква е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај?
Колкави се трансакциите на Филипче и Заев кон Дубаи и дали се во дигитални валути биткоини?
Дали парите за купување милионски акции во авиокомпании и инвестиции во градежништво во Дубаи, им се од скандалозните тендери во здравството или распродажбата на националното достоинство.
Филипче во политиката е за да си ги задоволи сопствените апетити, а не за доброто на народот и државата. СДС е синоним за корупција криминал и предавства“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

