Македонија
„Дали молкот на СДС, Филипче и Заев е потврда дека тие поседуваат златни визи за Дубаи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„СДС, Венко Филипче и Зоран Заев мудро молчат и немаат аргументи да реагираат, ниту пак ги демантираат нашите дилеми. Помина веќе недела дена како го покренавме прашањето за златната виза за Дубаи на Венко Филипче, по примерот на неговиот надреден и духовен водач, Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нашите дилеми и прашања, по однос на златната виза, јавно ги покренавме и прашуваме дали е точно дека Филипче ја поседува и ако да, на кој начин ја стекнал? Но, одговор нема ниту од партијата СДС, на кое претседателско столче Филипче го постави токму Зоран Заев, за да му го чува грбот додека тој ги шири бизнисите.
Овде ни се јави уште една дилема, на која СДС и Филипче треба да одговорат, дали нивниот молк е потврда на сите овие поставени прашања?
Одговор очекуваме и на дилемата дали Зоран Заев во Дубаи гради високи згради над 50 ката и од каде му се парите?
Имајќи предвид дека Венко Филипче е верна сенка на Заев која секаде го придружува, се поставува прашањето дали Филипче исто така е поврзан со оваа афера?
Затоа јавно и јасно прашуваме, дали Венко Филипче и Зоран Заев имаат златни визи за Дубаи? На кој начин ги стекнале и од каде им се парите? Дали тоа се парите спечалени на грбот и здравјето на граѓаните, местејќи тендери во корона кризата, додека народот барал лек?
Едно е сигурно, овие двајца со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата, а сега, најверојатно, тие пари ги вложуваат во приватни бизниси. Со години глумеа и ја убедуваа јавноста дека ја спасуваат Македонија, а тие, всушност, се спасувале самите себеси и нивните милиони украдени од народот. СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

