Македонија
Данела Арсовска одби да се соочи со Шилегов и другите кандидати во студиото на „Макфакс“ и „А1он“
Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска одби да присуствува на дебата на „Макфакс“ и „А1он“ со другите кандидати за градоначалник на Град Скопје.
Иако е право на секој кандидат како ќе се однесува во текот на кампањата и избор каде ќе настапува, сепак очигледно е дека Арсовска засега избегнува директно соочување со другите кандидати, посебно со актуелниот градоначалник.
Утре на дебата во студиото на „Макфакс“ и „А1он“ ќе се соочат кандидатите за градоначалници на Град Скопје. Сите кандидати кои беа поканети го прифатија учеството, освен Данела Арсовска, која првично прифати, а потоа откажа кандидатот поддржан од Левица.
Од тимот на Арсовска ја одбија поканата со образложение дека таа е зафатена со претходно договорени обврски во кампањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

