Македонија
„Дај му нему 800, а на неа 600“ – видео на Алијансата за родова еднаквост ги отсликува стереотипите на работното место
По повод Меѓународниот ден за еднакви плати – 18 Септември во претседателската вила „Водно“ се одржа Конференцијата за родова еднаквост на работното место, под покровителство на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓорѓиевска.
Целта на конференцијата, во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА и Центарот за управување со промени – ЦУП, беше да ја презентира фактичката состојба поврзана со родова еднаквост на работното место во нашата земја и активностите што се преземаат од владиниот и граѓанскиот сектор на оваа тема, како и да инспирира и мотивира повеќе компании да почнат да размислуваат во насока на креирање програми за родова еднаквост на работното место преку дискусија и презентација на позитивни примери од приватниот сектор.
На настанот присуствуваа претставници од развојните меѓународни организации, бизнис-секторот, граѓанскиот и владиниот сектор, а во воведниот говор присутните ги поздравија г-ѓа Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот на Република Северна Македонија, д-р Нина Ангеловска, претседателка на Алијансата за родова еднаквост – ГЕА и г-ѓа Неда Малевска, извршна директорка на ЦУП.
Во рамките на програмата премиерно беше објавен и видеоспот на Алијансата за родова еднаквост – ГЕА, кој има цел да ги покаже стереотипите поврзани со родовите што секој од нас несвесно ги употребува. Главната порака на спотот „Вратите што сакаме да се отворени утре, да не ги затвораме самите денес“ е претставена преку отсликување на секојдневието на еден маж и стереотипите што тој ги користи кон колегите на работното место, но очекува другите да не ги користат кон неговите блиски. Видеоспотот, кој може да се види во продолжение, наиде на одлични реакции од присутните на настанот.
Како дел од програмата се одржаа и две панел-дискусии на тема „Состојбата со родова еднаквост на работното место во РСМ“ со претставници од јавниот сектор и „Градење подобри работни места преку обезбедување родова еднаквост“ со претставници од приватниот сектор, а воедно беа презентирани и податоци од ДЗС поврзани со родовата еднаквост на работното место и резултатите од спроведениот прашалник за процена на родовата еднаквост на работно место, во кој учествуваа повеќе 60 анкетирани претставници од приватниот сектор.
Инаку, Алијансата за родова еднаквост на работното место – ГЕА се стреми да придонесе за унапредување на родовата еднаквост на работното место, односно еднакви можности, еднаква застапеност и еднакво вреднување на трудот. Алијансата е насочена кон создавање инклузивна култура, каде што и жените и мажите се вреднуваат за својот уникатен придонес во работната средина, што ќе создаде нови начини, синергии и платформи за решавање на критичните прашања што влијаат на развојот на жените на работното место. Алијансата за родова еднаквост на работното место е т.н. commitment maker за родова еднаквост при „УН вомен“ и работи кон целта за одржлив развој #SDG5 – родова рднаквост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

