Македонија
Да се постави светлосна сигнализација, бараат жителите на Ѓорче по сообраќајката
Стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“ во скопската населба „Ѓорче Петров“, откако 10-годишно момче вечерва беше прегазено во сообраќајна несреќа.
Улицата „Борис Сарафов“, каде се случила несреќата, во моментов е затворена за сообраќај.
Жителите на протестот велат дека подолг период бараат од општината да биде поставена светлосна сигнализација бидејќи ова не е прв пат на оваа улица да има сообраќајна несреќа во која страдаат малолетни деца.
Велат дека Општината ја префрла вината на градот, а градот на полицијата. Тие барале и поставување на легнати полицајци.
„Повеќе пати баравме да се постават легнати полицајци, но не дозволуваат бидејќи било главна улица“, раскажуваат собраните.
Од МВР за „Макфакс“ соопштија дека до сообраќајната несреќа дошло кога возило од марката „опел астра“ удрило во детето, кое по ударот било пренесено на Ургентниот центар. Засега не е познато во каква здравствена состојба се наоѓа.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

