Македонија
Да се почитува територијалниот интегритет на сите независни држави, рече Мицкоски на средба со рускиот амбасадор
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин.
Како што информираат од партијата, на средбата станало збор и за меѓународните предизвици во регионален и поширок контекст.
„Мицкоски посочи дека е за почитување на територијалниот интегритет на сите независни држави и дипломатско надминување на сите различни ставови во поглед на актуелните прашања“, се наведува во партиското соопштение за средбата.
Двајцата соговорници зборувале и за актуелната општествено-политичка и економска состојба во земјава.
Мицкоски посочил дека Македонија бележи политички и економски застој во поглед на нашите стратешки цели, односно членството во Европската Унија.
„Сериозна пречка освен спорот со Бугарија преставува и отсуството на реформи на Владата. Состојбата со корупцијата и селективната правда кои се широко распространети ја вбројува државата меѓу најкорумпираните во Европа и на дното на скалата на ‘Транспаренси’, која го мери индексот на корупција“, истакнал претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, најголемиот предизвик во овој момент е заштитата на економскиот стандард на граѓаните, спречување на инфлацијата и растечката сиромаштија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

