Македонија
Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија
Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 771 тестирања, а оздравени се 154 пациенти.
Најголем број случаи се потврдени во Скопје – 90, Гостивар – 15 и Куманово – 11.
Во Штип – 2, Прилеп – 6, Тетово – 5, Велес – 4, Кавадарци – 2, Струмица – 8, Крива Паланка – 1, Радовиш – 1, Кочани – 3, Пробиштип – 2, Берово – 6, Валандово – 1, Делчево – 2, Кичево – 2.
Починати се 12 лица, и тоа седум пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82 г.), пациент од Струга (67 г.), од Тетово (85 г.), од Битола (68 г.), од Кавадарци (56 г.) и пациент од Прилеп (63 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје – 62, Куманово – 6, Штип – 4, Прилеп – 6, Тетово – 7, Струга – 4, Велес – 3, Битола – 2, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар – 5, Гевгелија – 2, Струмица – 10, Радовиш – 4, Кочани – 12, Пробиштип – 6, Пехчево – 2, Берово – 3, Валандово – 4, Свети Николе – 2, Кичево – 2.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.788, бројката на оздравени пациенти е 17.392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.550. .
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 9942, активни 2674
• Куманово 1986, активни 225
• Дебар 309, активни 50
• Штип 1446, активни 159
• Прилеп 931, активни 226
• Тетово 1727, активни 288
• Струга 749, активни 75
• Велес 433, активни 97
• Битола 466, активни 151
• Охрид 510, активни 86
• Кавадарци 323, активни 85
• Гостивар 1040, активни 104
• Гевгелија 267, активни 141 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 588, активни 358
• Крива Паланка 178, активни 62
• Радовиш 172, активни 70
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 569, активни 195
• Пробиштип 141, активни 20
• Демир Хисар 65, активни 4
• Македонски Брод 98, активни 4
• Пехчево 53, активни 7
• Берово 170, активни 44
• Валандово 83, активни 47
• Виница 150, активни 49
• Делчево 212, активни 116 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 31, активни 7
• Свети Николе 424, активни 58
• Кичево 418, активни 78
• Ресен 201, активни 38
• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 115
• Гази Баба – 280
• Аеродром – 534
• Карпош – 446
• Центар – 445
• Кисела Вода – 320
• Ѓорче Петров – 216
• Бутел – 111
• Шуто Оризари – 16
• Студеничани – 5
• Сарај – 16
• Арачиново – 8
• Илинден – 36
• Сопиште – 21
• Чучер Сандево – 9
• Петровец –17
• Зелениково – 8
• Странец – 12
• Нераспределен- 59
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

