Македонија
Две години од сообраќајната несреќа кај Ласкарци

Со Меморијален марш денеска ќе биде одбележана двегодишнината од автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 16 лица.
Маршот ќе почне кај наплатната рампа во Гостивар во 16 и 30 часот, а ќе заврши во 17:45 часот на градскиот плоштад, каде штo ќе се одржи симболична церемонија во спомен на жртвите и солидаризирање со семејствата на починатите.
Општина Гостивар ги поканува граѓаните да бидат дел од овој настан, строго придржувајќи се кон мерките за заштита од Ковид-19.
Автобуската несреќа се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје – Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар. Автобусот излета од автопатот Тетово – Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.
За несреќата се води судска постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците на улицата Мице Козар, општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од ул.4 во Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Времето во наредните деново
Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Мицкоски: Левица е на услуга на ДУИ, сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, имаше свое обраќање на денешниот митинг, со кој се започна кампањата за претстојните локални избори, и кој се одржа во Скопје во Спортскиот центар ,,Јане Сандански“ на кој се осврна и на коалицијата ДУИ и Левица, односно на Али Ахмети и Димитар Апасиев.
Мицкоски објасни дека сега јасно се гледа дека Левица игра во корист на ДУИ, како што претходно играла во корист на СЈО и Зоран Заев.
„Постојат две коалиции, две коалиции надвор од видливото. Првата е онаа меѓу Али и Димче, помеѓу ДУИ и Левица. Левица само го покажа своето вистинско лице кое што сите ние го знаеме. Тие се на отворен пазар, на услуга на Али и ДУИ. Сетете се, да не заборавиме, прво го помагаа СЈО за добри хонорари, потоа самиот Заев отворено кажа дека правеле тајни коалиции за наводно да ја спаселе Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан. А сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ. А тие пак од ДУИ, со истите трикови се децении наназад. Како стара закачица, провоцираат и едвај чекаат да им одговорам“, кажа Мицкоски.
Мицкоски укажа „сигурно пресметале дека ќе им вратам, па така ќе им го подобрам уништениот рејтинг“.
„Таа нивна игра мора и Албанците и Македонците и сите останати да ја знаат и разберат. Така ДУИ си го крева рејтингот. А тезите им се стари и излитени – те. „крвови“, те „јастреби, те орлите, те зајаци“, истото тоа, истиот фолклор го споменуваат 20 години, тоа со години е истиот филм. Албанците му се иселија. Парам-парчe направија од крадење Албанците – дури и од неговото Зајас – се иселија; исто како во Дебар, Струга, Тетово, Гостивар, Кичево и насекаде што живеат.. Дваесет години беа на власт. Видовме се што можат, но и што не можат. И тие метафори на митинзите повеќе не им поминуваат – добри се, ако одлучиле да се занимаваат и да глумат хумористични филмови за да може да насмеат некого. Но, не и да влеат надеж каква им е потребна на сите граѓани во Македонија“, посочи Мицкоски.