Македонија
Две нови привремени автобуски линии поради „Саемот на мебел 2018 “
Од ЈСП „Скопје“ преку соопштение информираат дека од утре, вторник, па сè до недела, во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени и две привремени линии што ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“. Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион, а и двете линии, како што посочуваат од ЈСП, се воведуваат по барање на „Скопски саем“ за полесен пристап на посетителите на „Саемот на мебел 2018“.
Двете линии, како што посочуваат од ЈСП, ќе сообраќаат по 11 часот.
Возниот ред 100, кој ќе трга од Ново Лисиче, па сè до СЦ „Борис Трајковски“, ќе се движи по улицата Февруарски поход, булеварот В. С. – Бато“, булеварот Јане Сандански, булеварот К. Ј. – Питу, булеварот Кочо Рацин, улицата 11 Октомври, улицата Димитрие Чуповски, булеварот Св. Климент Охридски, булеварот Партизански одреди, улицата Бледски договор, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса, соопштуваат од ЈСП.
Возниот ред 200, пак ќе трга од Дексион и ќе оди до спортскиот центар „Борис Трајковски“, ќе се движи по улицата Црногорска, улицата Кузман Шапкарев, улицата Ѓорче Петров, булеварот Партизански одреди, улицата Бледски договор, па сè до СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса, велат од ЈСП.
И двете автобуски линии, како што информираат од ЈСП, ќе сообраќаат до 19 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

