Контакт

Македонија

Дебата за иднината на новинарството во дигиталната ера вечерва ќе ја отвори третиот Истражувачки филмски фестивал – Скопје

Објавено пред

Филмови, дебати, работилници, посветени на медиумите и новинарството во дигиталната ера, ќе може да проследи публиката на третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје, кој ќе почне вечерва во 19 часот во киното „Култура“.

dobivaj vesti na viber

Трите фестивалски дена ќе бидат исполнети со богата програма, повеќе од 30 странски и домашни гости, врвни истражувачки новинари, кои ќе ги споделат своите искуства и ќе дебатираат како новинарството може да преживее и напредува рамо до рамо со доминантните социјални медиуми, што би можеле медиумите да ѝ понудат на публиката опремена со лични дигитални редакции во своите телефони и кои алатки и платформи може да се исползуваат за сеопфатно пласирање на новинарските приказни.

Мотото на третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје е со наслов „Кон дигиталното“ и од разни аспекти ја разгледува позицијата на медиумите и новинарите во дигиталната ера.

„Годинава фестивалот ги разгледува негативните и позитивните влијанија на новите дигитални трендови и социјалните мрежи врз новинарството и медиумите. Првпат ова издание ќе има и интерактивна програма во која посетителите во текот на целиот фестивал ќе може да гледаат интересни содржини за користење дел од најиновативните алатки во медиумите и новинарската работа“, изјави Кристина Озимец, претседателка на ПИНА и главен координатор на фестивалот.

Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје ќе биде отворен со дебатата: „Новинарството и медиумите во дигиталната ера и социјалните мрежи, каде одиме?“, која, по воведниот дел, ќе почне во 19.15 часот.

Новинарката Ана Зафирова на панел-дискусијата посветена на борбата за опстанок и интегритет на новинарството во светот на социјалните медиуми ќе разговара со гостинките Марија Фернанда Лаурет од „Ал џезира“ – „Контраст“ и Ана Јакимовска, докторка на науки од областа на вештачката интелигенција, која работела во престижни британски медиуми, како „Гардијан“, „Скај њуз“, Би-би-си и „Ченл 4“.

Потоа, во 20.30 часот ќе биде прикажан филмот „Големиот упад“, документарен филм за скандалот со „Кембриџ аналитика“ и злоупотребата на личните податоци на фејсбук-корисниците.

Со интерактивната содржина на третиот ИФФС, првпат на Фестивалот на посетителите им се нуди увид во виртуелната реалност во новинарството преку работата за правата на бегалците на тимот на „Контраст“. Овој дел од програмата на Фестивалот е поддржан од УНХЦР Скопје.

Покрај презентацијата за покривање актуелни социјални проблеми преку документарци со виртуелна реалност, на ИФФС ќе се зборува и за новите дистрибутивни модели преку video on demand-платформите, за користење блокчејн-технологија во онлајн-медиумите, за правото на приватност и заштита на податоци на интернет, за иницијативите за неформално новинарско образование за млади новинари, како и за прекугранични соработки на новинари од земјава и соседна Грција.

Богатата фестивалска програма не ги заобиколува ниту актуелните домашни теми, па на ИФФС ќе ги чуеме ставовите и стравовите на искусни новинари поврзани со предложениот акциски план на Владата за борба против дезинформации и лажни вести.

Фестивалот повторно нуди широка палета на работилници и разговори за најновите трендови во медиумите и на социјалните мрежи. Со гостинката од Германија, уредничката Верена Ламерт, ќе разговараме како успешно да се користи „Инстаграм“ за пласирање на горливите прашања што ја засегаат помладата публика. Организаторот на ИФФС, Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА, неодамна почна две нови програми – Програма за жени новинарки, како и Програма за мобилно новинарство, со кои ќе се запознаеме преку разговори за можностите за развој на мобилното новинарство во земјата, како и за предизвиците на жените новинари.

На водечката тема на годинешното издание на ИФФС ќе се разгледа и патот кон дигиталното на домашните редакции, а покрај дискусијата, на оваа тема новинарите ќе имаат можност и да го разгледаат примерот за дигитализација на редакцијата на финскиот јавен сервис на работилница со гостинот од Финска, Матијас Еркиле.

Филмската програма на ИФФС опфаќа документарци за децентрализиран интернет „Времето на децентрализиран интернет доаѓа“, за модерирање на содржините што се шират на социјалните медиуми – „Чистачите“, онлајн-закани кон новинарки – „Мрачно место“. Ќе имаме филм за ширењето на десничарска пропаганда во Европа (How Steve Bannon’s far-right ‘Movement’ stalled in Europe), а ќе биде прикажан и филмот „Белингкет“ – вистината во светот на поствистината“.

Годинава, ИФФС првпат ќе прикаже и игран филм, драмата „Официјални тајни“, заснована на вистински случувања. Филмот во кој Кира Најтли ја игра Кетрин Ган, која, споделувајќи тајни документи, се обидела да ја спречи американската инвазија врз Ирак, ќе се прикаже во МКЦ како дополнителна програма на третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје.

Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА, која го организира ИФФС заедно со партнерот ФЕС – Скопје, е организација од новинари, ентузијасти и професионалци, која се залага за промоција и зајакнување на истражувачкото новинарство и професионалноста во медиумската средина во Македонија.

Фестивалот е од интернационален карактер и дел од настаните се на англиски јазик. Влезот за сите настани е бесплатен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Објавено пред

Од

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.

Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека  по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.

Прикажи повеќе...

Македонија

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Објавено пред

Од

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.

dobivaj vesti na viber

Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:

Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]

„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Македонија

(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили

Објавено пред

Од

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.

„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.

Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош

Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда. „Основното...

Македонија6 часа

МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија...

Македонија12 часа

(Видео) Тошковски: Обезбедена е видеоснимка на која се гледа како сопругот ја удира жртвата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека во рамки на истрагата за трагедијата во Карпош е обезбеден видеозапис на...

Македонија13 часа

Се разработуваат планови за враќање на македонските државјани од Израел преку Египет, се работи на безбедна евакуација од погодените подрачја, соопшти МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека интензивно работи на обезбедување услови за соодветна и безбедна евакуација на...

Македонија13 часа

По пад од балкон загина 10-годишно момче во Тетово: родителите дознале од соседите

Денеска (03.03.2026) во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничка болница Тетово било донесено починато 10-годишно момче...

Македонија13 часа

Тошковски објави нови детали за трагедијата во Карпош: Жртвата негирала насилство пред полицијата, сопругот имал криминално досие и бил апсен за дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти нови детали за вчерашната трагедија во Карпош, во која загинаа мајка и дете....

Македонија14 часа

Бракоразводна постапка и пријава за насилство – вонреден надзор во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Министерството за социјална политика, демографија и млади изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на мајката и детето кои го...

Македонија14 часа

Државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност, уверуваат надлежните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини со посебно внимание ја следи состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст...

Македонија14 часа

МНР со владиниот авион ќе ги евакуира нашите државјани од Израел, првите се очекува да пристигнат утре

За евакуација на Македонците кои сакаат да се вратат дома од Израел, Министерството за надворешни работи (МНР) ќе го испрати...

Македонија16 часа

Сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединетите Арапски Емирати, велат од МНР

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473...

Македонија16 часа

Едно лице задржано по трагедијата во Карпош: распити на повеќе лица, детален претрес на станот, екстракција на податоци од телефони, се обезбедуваат снимки

Основното јавно обвинителство Скопје ги издава сите потребни наредби и насоки за целосно расчистување на вчерашниот случај во Карпош, кога...

Македонија16 часа

Почувствуван земјотрес во Гостивар

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 5 часот и 21 минути...

Свет18 часа

(Видео) Објавено сведочењето на Клинтон за Епстин, Хилари е бесна

Нови видеа покажуваат како Хилари Клинтон речиси излегува од сведочењето зад затворени врати пред американските пратеници за Џефри Епстин откако...

Свет18 часа

Пезешкијан: Иран нема да стои настрана пред нападите врз училиштата и болниците

Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека неговата земја нема да стои настрана поради американско-израелските напади што погодија женско училиште...

Свет18 часа

Трамп: Подготвени сме да водиме војни колку што е потребно, имаме залихи што ќе траат засекогаш

Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата платформа Truth Social извести дека САД имаат рекордни залихи на муниција од среден и...

Свет20 часа

Рубио: Израел планираше да го нападне Иран, мораше да извршиме превентивни напади

Одлуката на Израел да го нападне Иран и сигурноста дека американските сили ќе бидат цел на одмазда ја принудија администрацијата...

Свет20 часа

(Видео) Познатата Палата Голестан во Техеран е оштетена, објавени се фотографии

Делови од Палатата Голестан, единственото место на светското наследство на УНЕСКО во иранската престолнина, беа оштетени во воздушен напад извршен...

Свет20 часа

Америка ги повика своите граѓани веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји од Блискиот Исток

Американското министерство за надворешни работи денес ги повика Американците веднаш да ги напуштат повеќе од десетина земји на Блискиот Исток,...

Свет20 часа

Нетанјаху: Војната нема да трае со години

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека американско-израелската војна против Иран може да трае „некое време“, но нема да трае...

Македонија1 ден

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...