Македонија
Дебата на тема „Безбедноста на домот преку превенцијана новите закани и безбедносни ризици”
Денеска во 9:30 часот во конференциската салата на Факултетот за безбедност – Скопје ќе се одржи дебата на тема „Безбедноста на домот – преку превенција на новите закани и безбедносни ризици”.
На стручната дебата ќе говорат претседателката на Комората на Република Северна Македонија, Верица Милеска-Стефановска, деканот на Факултетот за безбедност – Скопје – проф. д-р Никола Дујовски, проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – проф. д-р Марјан Ѓуровски, Тони Јакимовски од МВР, професорите д-р Александра Деаноска-Трендафиловска од Правниот факултет-Скопје, д-р Весна Стефановска и д-р Саше Герасимоски од Факултетот за безбедност – Скопје и м-р Сања Керметчиева, генерален секретар на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.
На тркалезната маса од повеќе аспекти ќе се говори како преку превенција на новите закани и безбедносни ризици може да се зголеми безбедноста на домот и личната безбедност на секој поединец и семејството и за значењето на примената на концептот на јавното-приватно партнерство во обезбедувањето имоти и лица.
Преку подигање на свеста кај граѓаните и навремето преземање мерки и активности ќе се подигне важноста и одговорноста за безбедноста на домот, пред сè третирајќи ја од перспектива на правилна превенција и преземање соодветни активности и мерки за гарантирање на максимална безбедност на домот и семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

