Македонија
Демири пред заминување го разреши директорот Петровски од Токсикологија, но не и Илјази, од која се жалеа вработените
Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петревски.
Вработените на Клиниката соопштија дека Петровски, кој во моментот користи годишен одмор, е разрешен иако повеќето поплаки се однесуваа на економската директорка Бесија Илјази.
Вработените тврдат дека Илјази, спротивно на решението на ДСЗИ, кое изречно забранува присуство на невработени лица на Клиниката, ги поттикнува да доаѓаат на работа сите оние на кои им е истечен договорот на дело на 31 декември минатата година.
Вработените укажуваат дека разрешувањето на медицинскиот директор е за т.н. говор на омраза на етничка основа, што вработените го отфрлаат како невистинит, неоснован и недокажлив. Тврдат дека е чиста шпекулација, нарачана од поединци и реализирана преку новинар, кој во 2 часот по полноќ си дава право да упаѓа на клиниката.
Понатаму, како што се додава, и покрај напорите на вработените и членовите на Управниот одбор на клиниката за изнаоѓање модул за правилно функционирање на токсиколошката лабоработирија, тоа не е реализирано поради несоработка со организациската директорка.
Според вработените, разрешувањето на Петровски укажува на напорите за политички вработувања на договор на дело, иако е незаконски до формирањето на новата влада.
Пред речиси еден месец на прес-конференција доктори од Клиниката за токсикологија објавија дека економската директорка Илјази не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица што немаат соодветно образование.
Нико Беќаровски, кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката, рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборант – барал урина во која имало наркотици да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.
За образованието на Илјази лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето јазици, со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски тогаш рече дека се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.
Министерот за здравство Илир Демири во истиот период го најави разрешувањето на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и на економската директорка бидејќи, како што тогаш изјави, немал сознанија за прекршок. Беќаровски кусо подоцна навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија порачувајќи дека е време на приватните клиники да се отвори одделение за детоксикација и клиничка токсикологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.
Македонија
Утре променливо облачно време со температура до 17 степени
Утре претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност, освен во четврток кога ќе има повремени локални врнежи од дожд. Утре и во четврток по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

