Македонија
Демократскиот сојуз: Обвинителството да ги гони сите убијци и прикривачи на убиството на хрватскиот ракометар
Демократскиот сојуз жестоко го осудува бруталното убиство на хрватскиот ракометар Денис Тот, ги повикува надлежните институции да ги доведат пред лицето на правдата сите негови убијци и да ги расветлат сите мистерии за овој свиреп настан.
„Демократскиот сојуз е особено загрижен поради ненавремената реакција на надлежните органи и здравствените институции веднаш по убиството, како и поради обидите да се покрие или забошоти овој настан, што му овозможи на еден од убијците доволно време да се даде во бегство“, велат од партијата.
Од тука го повикуваат Обвинителството да отвори истрага за можно прикривање на убиството од страна на поединци во надлежните институции за неукажување помош на хрватскиот ракометар од лицата што немо го следеа неговото крвничко претепување, како и против обезбедувањето на дискотеката „Привилиџ“, кое не интервенира да го спречи крвавиот настан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

