Контакт

Македонија

Демократски сојуз: СДСМ ја компромитира идејата за широка коалициона влада

Објавено пред

Подолго време Демократскиот сојуз промовира и се залага за формирање на Коалициона Влада, поддржана од сите парламентарни партии, при што ќе се почитува Уставното начело за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници.

Мотивот за ваква Влада, велат од партијата на Павле Трајанов, е да се заштитат стратешките и национални интереси на државата, демократизацијата, владење на правото и унитарниот карактер на државата.

„Во оваа насока, Коалиционата Влада треба да направи темелни реформи и тоа:

Прво, да донесе нов Устав, бидејќи постојниот го гуши демократскиот развој на државата и наместо граѓански концепт воспоставува поделби по етничка основа, партизација и блокада на институциите и владеење на правото.

Второ, длабоки и суштински реформи на правосудниот систем кој е некредибилен, партизиран и корумпиран, без системски решенија за одговорност за тие што ги кршат законите.

Трето, изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал, кој ги разорува институците,создава социјални разлики и го кочи развојот на државата. Во последните 20 години одлеани се над десет милијарди евра во странство од неколку поединци и компании, без да понесат одговорност и имотот да им се конфискува.

Четврто, коренити реформи во јавната администрација, преку намалување на бројот на пратеници (од 120 на 90), намалување на бројот на министерствата (не повеќе од 12), укинување на бројните паралелни институции, како што се агенции, дирекции, регулаторни тела итн.

Петто, создавање услови за младите да имаат можности да отворат бизнис и останат во Македонија“, велат од Демократскиот сојуз.

Според нив, ова идеја, СДСМ со наводната понуда за вклучување на опозицијата во Владата, ја злоупотреби и во целост ја искомпромитира.

„Во суштина се работи за неискрен пристап и класична манипулација, сѐ со цел да ја избегне одговоронста од колапсот на евроинтеграциските процеси и огромното незадоволство на граѓаните од вкупните состојби и обидот за промена на Уставот под диктат на Бугарија, без да се обезбедат реципроцитет и гаранции за македонскиот идентитет, билатералните прашања наметнати од Бугарија да не можат да се користат за нови блокади и целосна имплементација на одлуките на Судот во Стазбур, поврзани со правата на здружување на Македонците во Бугарија“, велат од партијата.

Според инфомациите и проценките на Демократскиот сојуз, идејата за широка коалициона Влада ќе доживе колапс поради што Владата треба да поднесе оставка и да се одржат предвремени парламентарни избори.

Инаку, доколку Димитар Ковачевски имаше сериозен пристап, се додава во соопштението, досега требаше да поднесе оставка и да започне постaпка за избор на нова Влада.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

„Вреди“: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Објавено пред

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“.

„Беше де факто ослабена од политиките на ДУИ. Нејзината улога беше ослабена. Ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор.

Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на „Вреди“, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна институционална одговорност.

Комисијата повеќе нема да биде формалност. Таа ќе биде активен орган. Функционален механизам со реално одлучување и директна одговорност за правична и соодветна застапеност, употребата на јазиците, образованието и културата, со цел целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и Бадинтеровиот принцип“.

„Вреди“ како што додаваат од партијата, става крај на практиките на институционално занемарување. Законот за правична и соодветна застапеност, подвлекуваат дека ќе се спроведува со целосна сериозност. Според нив, институционалната еднаквост повеќе нема да остане само на хартија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Савески-Хрицова: разговарано за предизвиците во гонењето на висока корупција, како и за можностите за избегнување на одолговлекување на постапките

Објавено пред

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и амбасадорката на Словачката Република Ивета Хрицова на заедничка средба ги разгледаа можностите за идна соработка особено во областа на реализацијата на европските реформи во работата на Јавното обвинителство.

Меѓу клучните активности во претстојниот период, преку контакти со словачкото обвинителство, ќе биде иницирана размена на искуства во повеќе области, студиски посети, како и испитување на можностите за потпишување меморандум за соработка меѓу македонското и словачкото обвинителство.

Савески и Хрицова разговараа и за предизвиците во гонењето на висока корупција, како и за можностите за избегнување на одолговлекување на постапките.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Објавено пред

Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.


ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

„Њујорк пост“: Американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да се внесат во авионот на Трамп

Дописничката на „Њујорк пост“ од Белата куќа, Емили Гудин, денес изјави дека американскиот персонал не дозволил никакви кинески предмети да...

Свет3 часа

СЗО: Лицето од САД негативно на хантавирус, бројот на случаи во светот е намален на десет

Директорката на Одделот за подготвеност и превенција на епидемии и пандемии при Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керхове, денес...

Свет3 часа

Аракчи: Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денес изјави дека Иран секогаш ќе биде чувар на безбедноста во Ормускиот теснец....

Свет4 часа

Стармер: Ќе го спречиме секој што се обидува да шири омраза и поделби во Британија

Британските власти им забранија на 11 странски крајнодесничарски активисти влез во земјата пред митингот на поддржувачите на Томи Робинсон, додека...

Свет4 часа

Трамп: Само САД и Кина можат да пристапат до иранскиот ураниум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави по враќањето од Пекинг дека само САД и Кина можат да дојдат до иранскиот ураниум...

Свет4 часа

Израел го нападна водачот на Хамас, Иза ал-Дин ал-Хадад

И покрај кревкото примирје во Газа, постигнато со посредство на САД, Израел изврши напад насочен кон врвниот воен лидер на...

Свет5 часа

Германија: Истекоа токсични хемикалии во фабрика, има повредени работници

Во несреќа што се случи денес во индустриски погон во Нирнберг, повредени се 30 лица, од кои две се во...

Македонија5 часа

„Вреди“: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“. „Беше де факто ослабена од политиките...

Свет5 часа

Премиерот на Полска: Откажувањето на пристигнувањето на американските војници нема да влијае на нашата безбедност

Полскиот премиер Доналд Туск денес изјави дека ненадејното откажување на трансферот на 4.000 американски војници во Полска нема да влијае...