Македонија
Демократски сојуз: Спојувањето на предметите Историја и Географија е избрзана мерка
Демократскиот сојуз смета дека предлогот на министерката за образование за спојување на предметите Историја и Географија во основното образование е недоволно истражена и избрзана мерка која може да има лоши и далекусежни последици врз образованието на младите, нивната оспособеност и подготовка за повисоките степени на образование и изградба на едуцирани личности, а исто така негативно ќе влијае и врз етно-националната свест и самодоверба на младите.
„Во време кога македонскиот идентитет и автентичниот развој на македонската национална историја се жестоко нападнати од нашиот источен сосед, укинувањето на предметот Историја, односно неговото спојување со предметот Географија, не само што ќе го намали обемот на изучување на наставните содржини од историјата на Македонија, туку ќе испрати лоша порака дома и во соседството, дека на Владата не ѝ е толку важна националната историја штом предлага учениците да не ја изучуваат како одделен предмет“, велат од партијата.
Демократскиот сојуз предупредува дека изучувањето историја во Финска или во некоја друга европска држава не може да биде репер за образовен експеримент од ваков драматичен карактер. Македонија е на Балканот, а не на Скандинавскиот Полуостров, регион каде што владејачките политички елити не го оспорувааат идентитетот на своите соседи, ниту, пак, им ја наметнуваат својата историја, како што тоа го прави Република Бугарија.
Секоја идеја и предлог за образовни реформи, велат од Демократскиот сојуз, мора да биде врз основа на претходно подготвени истражувања и споредбени анализи од земјите во регионот и во Европа, и да биде предмет на широка дебата, во која ќе бидат вклучени експертите, политичките чинители, невладините организации, но исто така и родителите и учениците, кои не смеат да бидат интелектуални заморчиња на еден експеримент.
Демократскиот сојуз ја повикува Владата даѝ укаже на министерката да се откаже од оваа идеја која, доколку се реализира, може да нанесе многу штета на образованието на младите и да го поткопа македонскиот идентитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Oбиколница за Прилеп и автопат од Фариш, најави Николоски
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.
Интенизивно се гради автопатот Прилеп – Битола, се започнува постапка за изградба и на нов автопат од Фариш до Прилеп, а во соработка со општината веќе се работи на план за изградба на обиколница, истакна вицепремиерот Николоски.
„Автопатот Прилеп – Битола се гради со засилена динамика и очекувам годинава да бидат поставени и првите километри асфалт. Второ, градоначалникот амбициозно работи на проектна програма, со цел да се направи обиколница на градот, за тешките возила да не влегуваат во градот, нешто што е ветувано децении наназад. Тој е прв што е решен да прави ваква програма и еве да дадам ветување дека ние како Влада ќе го финансираме целокупно овој проект и овој проект ќе биде реализиран во рамки на неговиот мандат.
И трето, во интензивни преговори сме, мислам дека во следните месец до месец и пол ќе видите и активности во Собранието, за она што го ветив, а тоа е од Фариш до Прилеп исто така да одиме со автопатско решение, како Прилеп од двете страни би бил поврзан со автопат”, изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.
На одбележувањето на настанот 100 дена локална власт во Прилеп, вицепремиерот истака дека Владата овозможува сериозна подршка за општината и градоначалникот Проданоски, во насока на економски и инфраструктурен развој на градот.
„Сакам да му честитам на градоначалникот за успешната работа во овие 100 дена. Таа работа се гледа во сите делови од градот, 100 дена е навистина краток период но може да се види каде ќе се развива општината во следниве четири години и убeден сум дека ова ќе е исклучително успешен мандат. Ние како Влада ќе продолжиме со подршката која што ја дававме во изминатиот период, дали се работи за средства кои директно се префрлаат од буџетот кон општината за да може да реализира инфраструктурни проекти, дали се работи за подршка на стопанството или земјоделието, сето она што сме го ветиле на најдобар можен начин ќе се обидеме да го реализираме“, изјави вицепремиерот Николоски.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.

