Македонија
Денот на АРМ одбележан во касарната „Мирче Ацев“
Со воена свеченост денес во касарната „Мирче Ацев“, беше одбележан Денот на АРМ, 18 Aвгуст. На одбележувањето покрај градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, присуствуваа градоначалниците од Пелагонискиот Регион, претседателот на Советот на Општина Прилеп, претставници од Сојузот на борци, јавните претпријатија и други јавни институции од градот со кои оваа единица има соработка.
На свеченоста по повод одбележувањето на Денот на АРМ свое обраќање имаше командантот на касарната потполковник Ѓорѓи Василевски, кој истакна дека историјата на Армијата со години ја определувала постојаната борба за слобода и меѓународно признавање.
„Годинава, кога славиме 27 години зрелост, нема и не можеме да ја сокриеме радоста дека сме на прагот да влеземе во најголемиот политичко-воен сојуз, НАТО-алијансата. Ние војниците, како никој друг повеќе, знаеме дека мирот е драгоцен и дека мора да биде зачуван без обзир на сè. Со влезот во НАТО, нашиот суверенитет ќе биде гарантиран од 29 членки, нашиот глас ќе се чуе појасно и погласно, а нашата Армија ќе стане посилна. Ќе бидеме дел од семејство на држави кои делат исти вредности и погледи на модерниот свет и глобалниот мир. Во НАТО влегуваме, со најдоброто што го имаме, а тоа е човечката и стручна димензија на Армијата – нејзините припадници“, истакна командантот на касарната „Мирче Ацев“, потполковник Ѓорѓи Василевски.
По повод овој празник на поголем број старешини и цивилни лица им беа доделени унапредувања, награди и стимулативни мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

