Македонија
Десетици институции ќе ги променат имињата – МРТ ќе стане Национална радио-телевизија, а МОБ ќе се преименува во НОБ
Десетици институции ќе добијат нови имиња, табли, логоа, веб-страници и документи по промената на државното име. Според упатствата на Владата, Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија Скопје ќе треба да го промени називот во Јавно радиодифузно претпријатие Национална радио-телевизија Скопје, Националната установа Македонска филхармонија ќе стане Национална филхармонија, Македонска радиодифузија ќе се применува во Национална радиодифузија, а Македонската опера и балет во Национална опера и балет.

Нов назив ќе добие и Музејот на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на ВМРО и музеј на жртвите на комунистичкиот режим, кој во иднина ќе се нарекува Музеј на македонската борба за самостојност. На листата се наоѓаат 136 институции. Целата листа е достапна на владината интернет страница.

„Владата на својата 124. седница, по предлог на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните, донесе одлука да ги задолжи, односно да им укаже и препорача на сите институции да извршат промена на јавните табли на влезот од сите институции во однос на името на државата во согласност со амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот, Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија и Законот за употреба на јазиците.

Исто така, Владата ги задолжи и им укажа на сите институции да извршат проверка дали е извршена промена на сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-страници, медиуми итн.) и да извршат проверка дали е извршена измена на меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, во согласност со заклучоците број 4 и број 5 од 120. седница на Владата и во рок од 7 дена до меѓуресорската работна група за извршување на обврските од конечната спогодба да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен“, соопшти Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Димитровски: Билатералните прашања за историјата и за идентитетот мора да останат надвор од процесот на пристапување
Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска, во Белград, учествуваше на вториот дел од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Централноевропска иницијатива (ЦЕИ) во рамките на српското претседавање со иницијативата.
Фокусот на годинешните дискусии беше ставен на стратешката важност за изнаоѓање модалитети за зајакнување на регионот на земјите членки на ЦЕИ преку поврзаност, иновации и евроинтеграција.
Истовремено, беше потенцирано дека проширувањето на ЕУ не е само технички процес – тоа е геополитичка неопходност. „Процес кој е предвидлив, базиран на заслуги и со поголема вклученост на земјите кандидатки во политичките дијалози, програми и иницијативи на ЕУ, би дал посилна политичка порака и ќе може да се спротивстави на фрустрацијата и скептицизмот кај граѓаните во регионот“, нагласи Димитровски.
Особено акцентирајќи ја нашата позицијата, Димитровски укажа дека нашата земја има потреба од поверодостоен, конзистентен и сигурен процес на пристапување.
„Владата останува целосно посветена на европскиот пат барајќи конструктивни решенија базирани на компромис преку дијалог со нашиот сосед, Република Бугарија. Целосно се согласуваме дека билатералните договори со соседните земји треба да се спроведуваат со добра волја од сите страни“, истакна заменик-министерот.
Тој додаде дека билатералните прашања за историјата и за идентитетот мора да останат надвор од процесот на пристапување, а проширувањето мора да остане базирано на заслуги и на Копенхашките критериуми.
„Потребен е целосно ресетирање во дијалогот со Бугарија со цел обновување на довербата и напредно ориентиран пристап. Комуникацијата и соработката во рамките на проектот за Коридорот 8 е добар пример за билатерална соработка“, заклучи Димитровски.
Во смисла на регионалната соработка, за време на состанокот министрите уште еднаш ја потврдија улогата на ЦЕИ како иницијатива што придонесува за ефективно решавање на актуелните регионални прашања и истовремено претставува цврста основа за понатамошно продлабочување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.
Македонија
Гаши: Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат
Ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите соседи, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, на 8. пленарна конференција – „Национална конвенција за ЕУ“.
„Моја должност е да нагласам дека меѓу главните забелешки во извештајот беа уставните измени, кои несомнено остануваат и главен предизвик во оваа фаза од процесот. Знаете дека уставните процеси и билатералните теми создадоа значителни политички тензии, но сакам повторно да истакнам дека ниедно билатерално прашање не смее да стане пречка на нашиот европски пат. Ние остануваме подготвени за принципиелен дијалог со сите соседи“, рече тој.
Според Гаши, напредокот на Албанија и на Црна Гора е доказ дека политиката на проширување е жива и дека нашиот регион може да се движи напред.
„За нас, ова е момент за мотивација, а не за притисок“, рече Гаши.
Според него, интеграцијата во ЕУ не е ниту луксуз ниту опција, туку неопходност за безбедноста, стабилноста и за развојот на земјата.
„Исто како и пред една година, и денес би сакал да повторам уште еден важен елемент. Во еден турбулентен свет, со конфликти во Украина, на Блискиот Исток и пошироко, интеграцијата во ЕУ не е ниту луксуз ниту опција, туку неопходност за безбедноста, стабилноста и за развојот на земјата. Со членството во НАТО создадовме заштита, а со пристапувањето во Европската Унија се стремиме кон изградба на стабилност и одржлив економски, институционален и демократски развој“, рече тој.
Гаши нагласи дека Собранието на Република Северна Македонија ќе продолжи да биде доверлив партнер во овој процес.
„Ние сме посветени на унапредувањето на реформите, зајакнувањето на дијалогот, развивањето консензус и одржувањето на институционалната зрелост во време на предизвици. За нас, европската интеграција не се гради во Брисел, ниту во главните градови на регионот, туку се гради тука, во Скопје, во нашите институции, во нашите одлуки и во нашата подготвеност да ги надминеме политичките разлики во служба на државниот интерес“, рече Гаши.
Македонија
Градоначалникот на општина Гази Баба се откажува од користењето службено возило
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, објави дека се откажува од користењето на службено возило
„Никогаш немам дозволено личните привилегии да бидат мотив или водилка во мојата работа. Поради тоа, сакам да ја информирам јавноста дека и во мојот втор мандат се откажувам од користењето на службено возило кое е предвидено за користење на градоначалникот, како и од средствата за репрезентација од буџетот на општината“, вели Стефковски.
Како и во изминатите четири години, додава тој, така и во следните четири, сите службени обврски ќе ги реализирам со моето приватно возило, а службеното возило го отстапувам на администрацијата со цел поефикасна работа на терен.
„Додека сум јас градоначалник во буџетот на општина Гази Баба нема да има место за непродуктивни трошоци. Средствата од буџетот мора да се користат одговорно, домаќински и исклучиво за потребите на граѓаните и за развој на нашата општина“, вели Стефковски.

