Македонија
Десетта седница на Главниот штаб за управување со кризи
Центарот за управување со кризи, ЦУК, ја организира и ја одржа десеттата седница на Главниот штаб за управување со кризи (од прогласувањето кризна состојба) преку видеконференциска интернет-врска. Со Штабот, оперативно стручно тело при ЦУК, кое раководи и координира со активностите за превенција и управување со кризни ситуации, раководеше в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.
На седницата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи, СУК, назначени во согласност и со Законот за управување со кризите и дел од стручните лица од ЦУК. Притоа, покрај главната тема за преземените мерки и aктивности за справување со кризната состојба од заразната болест Кодвид-19, која е прогласена на целата територија на Република Северна Македонија, беше разгледана и актуалната ситуација со зголемените врнежи од дожд во земјата, од кои моментно нема опасност од поголеми поплави во државата.
Потоа беа разгледани и надградени преземените мерки и определени досегашни активности на институциите во согласност со акцискиот план, кој има цел за поголемо и посеофатно дејствување во насока на превенција и справување со ширењето на заразната болест Ковид-19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, заштита на здравјето и животот на населението. Тоа се настојува да се извршува преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период во поглед на координирани активности за претстојната вакцинација.
Исто така, беше нагласен на секогаш актуелниот апел на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за понатамошно максимално следење на упатствата и забраните со цел за заштита и спречување ширење на вирусот.
Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во неговата работата, покрај постојаното работење и координириње со Црвениот крст на РС Македонија, вклучени се соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор, што како што нагласи Ангелов, е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации, кои се и значаен ресурс на општеството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Храна со истечен рок, лоши хигиенски услови, недостиг на санитарни книшки затекнаа инспекторите во маркетите низ државата
Приближно четириесет илјади евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава. Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.
Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.
Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.
Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.

