Македонија
Дескоска: Европските стандарди се потреба на граѓаните, а не само услов за пристапни преговори со ЕУ
Министерката за правда, Рената Дескоска, денеска оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во организација на Делегацијата на Европската Унија и евроамбасадорот Жбогар. На средбата таа ја истакна својата силна определба за реформи во ресорот.
„Реформите ги правиме за подобрување на човековите права, за создавање систем на владеење на правото, затоа што европските стандарди се потреби на граѓаните на Република Македонија, а не само услов за пристапни преговори со Европската Унија“.
„Кога ќе се загуби довербата во институциите, најтешко е да се врати. Секако, не можеме да очекуваме тоа да се случи преку ноќ, но ќе го ставиме судството на вистинскиот пат“, рече Дескоска.
Дескоска ги информира амбасадорите за тековните реформски активности, како и за плановите за идни активности во приоритетните области – правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, забрзување на административните постапки и унапредувањето на човековите права во Република Македонија.
Министерката за правда воедно најави дека во претстојниот период ќе следат многубројни и значајни законски измени од приоритетните области што ќе бидат спроведени во консултација со компетентни лица од областа на судството и обвинителството, експертската јавност и граѓанскиот сектор, а за кои ќе се бара широка поддршка од политичките партии претставени во Собранието на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

