Македонија
Дивата сеча ја соголува Јакупица, реагираат од ДОМ
Претставници од партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) беа на увид на падините на Јакупица во општина Чашка, на барање на планинари и екологисти од Велес, кои се загрижени поради уништување на животната средина.
Притоа оттаму истакнуваат дека имале можност да се уверат оти планинскиот масив Јакупица е изложен на систематско опустошување од сечење на шумите.

„Веќе со години се сече и државна и приватна шума до голосек, не водејќи сметка за обновување. Животната средина е сериозно загрозена и со фрлањето отпад во реките, особено во реката Тополка, која се влева во хидросистемот Лисиче, од кој Велес се снабдува со вода“, велат од партијата.
Екипата од ДОМ се сретнала и со градоначалникот на оштина Чашка, Горан Стојановски, со кого разговарале за начинот за надминување на проблемите.

„Заеднички беше заклучено дека најефикасно и одржливо решение е прогласување на Јакупица за национален парк, со што би се обезбедила трајна заштита на животната средина и услови за развој на рурален и екотуризам“, се наведува во партиското соопштение.
Инаку, ДОМ, заедно со невладината организација „Вила Зора“, има поднесено иницијатива за прогласување национален парк „Јакупица“ до Министерството за животна средина пред повеќе години. Велат дека предлогот добил начелна поддршка, но не и конечно решение. Истакнуваат и дека ваквата иницијатива ќе биде обновена, при што овој пат очекуваат повеќе разбирање од надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.
Македонија
СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
СДСМ побара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по трагедијата во скопската населба Карпош, каде што починаа мајка и дете.
Од партијата велат дека случајот покажал сериозни пропусти на институциите во заштитата од семејно насилство.
„Институциите биле алармирани, имале сознанија и индиции за ризик, но со нивната несоодветна реакција не ги заштитиле жртвите“, наведуваат од СДСМ.
Од партијата оценуваат дека потфрлил институционалниот систем, вклучително и МВР и центрите за социјална работа.
Тие потсетуваат и на случајот во Велес, каде пред неколку месеци беше убиена млада жена заедно со нејзиниот татко, и покрај претходни пријави за насилство.
„Само во 2026 година изгубени се четири животи поради родово базирано и семејно насилство“, наведуваат од СДСМ.
Партијата бара оставка од Тошковски и темелна истрага која, како што велат, ќе утврди одговорност кај сите службени лица од МВР, центрите за социјална работа и другите надлежни институции.

