Македонија
Димитриевски: Општината ќе додели субвенции за сите првачиња во Куманово
Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, по повод почетокот на новата учебна година им посака среќен и успешен почеток на сите првачиња и наставници нагласувајќи дека Општината ќе додели субвенции на родителите што запишуваат ученик во прво одделение за оваа учебна година.
„Како поддршка оваа учебна година, во согласност со одлуката на Советот, ќе доделиме субвенции на родителите што запишуваат ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во вредност од 2.000 денари за секое прваче. Барањата може да се поднесат во Општина Куманово или во училиштата најдоцна до 30 септември откога детето ќе се запише во училиште. Како што пристигнуваат уредно доставените документи од училиштата до Општината, така етапно таа ќе врши исплата“, вели градоначалникот Димитриевски.
Димитриевски, на наставниците како носители на образовниот процес им порача успешно да продолжат да ги пренесуваат своите знаења создавајќи генерации со кои сите заедно ќе се гордееме, а Општина Куманово ќе продолжи со реализација на проекти за подобрување на условите во училиштата, нови спортски терени и подобри услови за сите ученици и наставници во Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

