Контакт

Македонија

Димитријевиќ: Одговорноста за картелскиот скандал со пет тони дрога води директно до врвот на власта

Објавено пред

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција нагласи дека одговорноста за картелскиот скандал со 5 тони дрога која од Македонија завршила во Србија води директно до врвот на власта, затоа цела недела нема информации, а а јавноста е сведок на организирана владина медиумска кампања за дефокус.

Димитријевиќ посочи дека цела недела нема одговор на клучното прашање, како толкава количина дрога поминала преку македонската граница и кој ќе одговара за тоа.

„Нема приведени, нема осомничени. Има само дефокус.Од јавно објавените фотографии може да се види дека запленетата дрога во Србија била пакувана во големи картонски кутии со димензии 60 на 40 сантиметри, со по 4 до 5 килограми марихуана во најлонски кеси. Тоа значи многу пратки, и многу возила, камиони. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери или камиони требало да ја поминат границата. Како?“, рече Димитријевиќ.

Притоа, Димитријевиќ истакна дека и за последните акции за запленет, одговорноста е кај власта.

„МВР молчи за тоа како 5 тони преминале преку македонската граница ама објавува дека заплениле 40 тони канабис во земјава. Ако навистина се запленети 40 тони нелегално произведен и складиран канабис во Македонија, тогаш повторно одговорноста е кај власта и кај никој друг.“

Тој нагласи дека без поддршка и заштита од институциите, ваков шверц не е возможен.

„Без поддршка, заштита и логистика од врвот на власта шверцот на огромна количина дрога преку границата не било возможно. Од Скопје до Табановце има 48 километри, со гранична и царинска контрола. Каде се камерите на „Safe City“? Каде е полиција? Каде се екипите на Мобилна царина? Каде се контролите?“, рече Димитријевиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Меџити: Започнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од како што велат од неговиот кабинет, најзначајните инфраструктурни интервенции во ова историско подрачје во последните децении.

Проектот опфаќа површина од 1.567 м² и предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, со што се зачувува историската автентичност на Чаршијата, како и целосна модернизација на подземната инфраструктура, вклучувајќи водовод, канализација, електрична мрежа и оптичка инфраструктура.

Интервенцијата вклучува и ново осветлување во традиционален стил, уредување на пешачките површини и поставување на урбана опрема, со што се создава функционален и атрактивен простор за граѓаните и посетителите.

„По повеќе од пет децении без сериозни интервенции, започнуваме вистинска трансформација на Старата чаршија. Ова е инвестиција што го враќа урбаниот достоинство, функционалноста и живоста на овој историски простор“, изјави Меџити.

Како што е соопштено, вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 29 милиони денари, со цел Чаршијата повторно да стане модерен, функционален простор со зачуван историски идентитет.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Мицкоски нема никакви очекувања за Груевски, но ако се врати веднаш ќе оди во затвор

Објавено пред

Веднаш откога ќе се појави во земјава Никола Груевски ќе биде упатен на издржување на затворската казна, рече денес премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по свеченоста по повод 34 години Царинска у, премиерот Мицкоски рече дека нема никакви очекувања за Никола Груевски по смената на власта во Унгарија.

„Јас немам никакви очекувања, но доколку Никола Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда и тој веднаш откога ќе се појави во Македонија, нормално, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на издржување на затворска казна која што е согласно правосилна одлука. Ние сме Влада за која што сите закони важат и Влада која мора да ги почитува законите и институциите во државата, а нормално секое лице има право да  ги користи институциите, да ги користи своите права, да поднесува жалби и така натаму. Ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда со која што лицето за кое вие говорите сега е упатено на отслужување на затворска казна. Дали ќе се врати и кога ќе се врати јас немам такви очекувања“, рече премиерот Мицкоски.

Тој ја искористи можноста и преку медиумите му ја честиташе победата на Петар Маѓар. Нагласи дека со досегашниот премиер соработката беше „исклучително блиска и непосредна“, а поддршка очекува и од новиот премиер.

„Политиките кои тој ќе ги води очекувам да бидат проевропски, проинтегративни и очекувам бескомпромисна поддршка за интеграцијата на регионот, вклучително и нашата држава во рамките на Европската Унија. Специфичните политики вклучително и прашањето со поранешниот претседател на Владата Никола Груевски се одлука на унгарската Влада така што јас не би имал што да кажам. Екстрадиција е побарана уште во 2018 година, а е одбиена во 2019 година од страна на унгарските власти.  Од она со кое сум запознаен постои процедура доколку лицето има право на азил поради определени причини и мислам за повеќе детали да се обратите до Министерството за правда. Јас не сум министер за правда, јас сум претседател на Влада“, рече денес премиерот Мицкоски.

Мандатарот за состав на новата Влада во Унгарија, Маѓар, кажа дека нема да обезбедува засолниште на лица кои се барани од правосудните органи во други држави, а опозициската СДСМ веќе побара од власта да поднесе ново барање за екстрадиција на Груевски.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Вежбата „Блесок 26“ ќе се изведува на повеќе локации во државата

Објавено пред

По повод отпочнувањето на активностите за вежбата „БЛЕСОК 26“ (Б-26), која ќе се изведува на повеќе локации во државата во периодот од 19 до 27 април 2026 година, денес во Генералштабот на Армијата се одржа брифинг за претставниците на медиумите.

На брифингот присуствуваа: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, командантот на Командата за операции (КО) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, директорот на вежбата полковник Игор Арсовски, портпаролот на ГШ на Армијата и дел од клучниот персонал од ГШ на Армијата и КО, кој е вклучен во процесот на планирање и подготовка на вежбата.

Началникот на Генералштабот истакна дека оценувањето на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), кое ќе се реализира во рамките на оваа вежба, претставува кулминација на долгогодишната подготовка на најголемиот и најважниот НАТО капацитет – ЛПБГ, кој го развиваме уште пред зачленувањето на нашата држава во НАТО.

Од страна на полковникот Арсовски беа презентирани најважните информации за видот, целите, активностите и учесниците на вежбата, како и можностите за медиумско презентирање на активностите во текот на изведувањето на вежбата.

Вежбата „БЛЕСОК 26“ претставува продолжение на серијалот вежби „Македонски Блесок“ и е значаен сегмент во процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), единица која е дел од пакетот на НАТО цели на способности. Главна цел на вежбата е оценување на нивото на борбената подготвеност на ЛПБГ, како НАТО цел на способност.

На истата ќе учествуваат околу 1500 припадници од Армијата на Република Северна Македонија, НАТО монитори и тим набљудувачи од Мултинационалните копнени сили (Multinational Land Forces – MLF).

Прикажи повеќе...

Најново

Црна хроника14 минути

Полицаец барал поткуп за да реши тепачка на „мирен начин“ во Струмица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по брза постапка...

Спорт14 минути

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Поранешниот возач на Формула 1 и амбасадор на трки во Абу Даби, Роберт Дорнбос, наговести дека неодамна откажаната Голема награда...

Свет28 минути

Медиуми: Нема разговори за прием на Украина во ЕУ

Водечките земји на Европската Унија не сакаат да го разгледаат приемот на Украина во ЕУ во блиска иднина, пишуваат медиумите,...

Македонија46 минути

Меџити: Започнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го означи почетокот на работите за реконструкција и трансформација на Старата чаршија, една од...

Македонија53 минути

(Видео) Мицкоски нема никакви очекувања за Груевски, но ако се врати веднаш ќе оди во затвор

Веднаш откога ќе се појави во земјава Никола Груевски ќе биде упатен на издржување на затворската казна, рече денес премиерот...

Македонија1 час

Вежбата „Блесок 26“ ќе се изведува на повеќе локации во државата

По повод отпочнувањето на активностите за вежбата „БЛЕСОК 26“ (Б-26), која ќе се изведува на повеќе локации во државата во...

Црна хроника1 час

Паднало од електричен тротинет: тешко повредено 12-годишно девојче од Богданци

Синоќа во 19:30 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Итна медицинска помош Гевгелија за укажување на лекарска...

Црна хроника1 час

19-годишник го претепал внукот од сестра

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Штип. Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство врз дете“. Имено...

Црна хроника1 час

Се заканувал со пиштол: уапсен скопјанец

Вчера во 13:45 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода...