Македонија
Димитровски: Академијата за реинтеграција на маргинализирани лица во Струмица им го менува животот на зависниците
Академијата за реинтеграција на маргинализирани лица во Струмица им го менува животот на зависниците – ги прави корисни за општеството, изјави заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, во Струмица.
Тој рече дека проектот „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ преку Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион во партнерство со Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанции – ИЗБОР од Струмица, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа, е навистина еден уникатен пример како да им се помогне на оние лица што се зависници од психоактивни супстанции, од алкохол, дрога, и тоа на начин на кој тие ќе бидат ресоцијализирани, не само лекувани.
„Токму преку проектот ќе се овозможи унапредување на постојните услуги во Југоисточниот Регион за подобро вклучување на маргинализираните лица на пазарот на труд. Во износ од над 6 милиони денари набавена е опрема потребна за работно оспособување за пекарство, пакување производи, градинарство и цвеќарство, со цел збогатување на програмата за реинтеграција за стекнување вештини на професионално оспособување за маргинализирани лица“, рече министерот.
За Сократ Манчев, претседателот на здружението ИЗБОР, овој проект нуди можност за професионална рехабилитација заради реинтеграција на лица со попреченост и други маргинализирани групи.
„Самиот проект предвидува голем склоп на активности, економски активности, преку кои ќе се обидеме не само да ги вработиме тие луѓе, да им најдеме работа, туку и да направиме една самоодржливост на нашата организација“, појаснува Манчев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

