Македонија
Димитров во Брисел на состанок со сојузниците од НАТО
На покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој претставува последна подготовка за НАТО-лидерскиот состанок што ќе се одржи во Лондон на 3 и 4 декември.
Република Северна Македонија, која во моментов има статус на „поканета” земја за членство во НАТО, активно ќе учествува во разговорите на НАТО-сојузниците за комплексните стратешки прашања.
Предвидено е министерот Димитров во оваа пригода да ги реафирмира нашата посветеност и поддршка на клучните политики на НАТО, како идна земја членка, по прашањата од исклучително значење за алијансата: праведната распределба на финансискиот товар, борбата против тероризмот, адаптирањето на НАТО-политиките и стратегиите кон променливата безбедносна околина, контрибуцијата во меѓународните операции, справувањето со неконвенционалните безбедносни закани и други прашања од заеднички интерес.
На маргините на состанокот, Димитров ќе оствари повеќе билатерални средби со министрите за надворешни работи од земјите членки на НАТО, како и со високи претставници на алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Нова дигитална услуга на МВР за електронско издавање на уверение за државјанство во секое време, достапна преку uslugi.gov.mk
Министерството за внатрешни работи денес ја промовираше наградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk
„Услугата која и досега беше достапна на порталот иако можеше да се аплицира во секое време, сепак издавањето на е-државјанството беше можно само во работно време. Отсега услугата станува целосно дигитална и граѓаните може да аплицираат во секое време и за само една минута по поднесувањето на барањето, доколку е се во ред, добиваат позитивен одговор и можат да го симнат документот од системот. Дигитализација на услугите и процесите во министерството се еден од нашите врвни приоритети како Влада и како министерство. Граѓаните заслужуваат брзо и ефикасно да ги добиваат своите документи кои институциите се должни да им ги обезбедат. Дополнително процесите на дигитализација во огромен процент ја намалуваат можноста од корупција од која страда нашето општество, така што преку дигитализацијата се води и борбата со корупцијата.“, истакна министерот Тошковски.
Националниот портал uglugi.gov.mk минатата недела беше ребрендиран и редизајниран од министерството за дигитална трансформација, е централен портал каде се достапни сите електронски услуги на институциите во државата.
Тошковски потенцираше дека се министерството за внатрешни работи забрзано работи и на дигитализација и на други услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните во следниот период.
Македонија
Пожар избувнал во соба во „Бардовци“
Пожар избувнал во една од собите во Психијатриска болница-Бардовци.
Од МВР информираа дека огнот се разгорел вчера околу 9.30 часот и бил изгаснат од скопската противпожарна бригада.
Повредени лица нема.
За настанот бил известен јавен обвинител и извршен е полициски увид.
Македонија
Кривична за Перпарим Бајрами и директорот на „Ритрон копи“ поради нови злоупотерби поврзани со „Државна лотарија“
Управата за финансиска полиција поднесе нова кривична пријава против екс директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами поради сомнителни тендери за набавка на телевизори и компјутерска опрема за Државната лотарија. Кривична е поднесена и за Артан Ајрули, сопственикот на фирмата „Ритрон копи“ од Куманово која ги добила тендерите, и уште други двајца директори во лотарија.
Тие се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за злоупотреба на постапката за јавни набавки.
Од Финансиската полиција велат дека првопријавениот Перпарим Бајрами во својство на директор на Државна лотарија ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што во период од 2022 до 2024 година ги пречекорил границите на своите службени овластувања и со свој потпис одобрил исплата на фактури со невистинита содржина за набавка на употребувани телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема, кои фактури биле изготвени од второпријавениот А. А. во својство на сопственик и управител на петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово, иако истите биле свесни дека наведените телевизори, принтери, компјутерска и комуникациска опрема во фактурите не биле испорачани согласно предвидените модели во склучените договори за јавни набавки со АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија и на тој начин му овозможиле на второпријавениот А. А. и петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово да се стекнат со противправна имотна корист во вредност од 3.102.015,00 денари, што претставува штета на Буџетот на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија.
Второпријавениот А. А. во својство на сопственик и управител на петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово заедно со првопријавениот П. Б, во период од 2022 до 2024 година, ги повредиле прописите на постапката за доделување на договор за јавна набавка на начин што користејќи ги блиските пријателски односи однапред ги прилагодиле техничките спецификации за набавка на телевизори со цел да се осигураат дека за најповолен понудувач ќе биде избран петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово и се договориле какви типови, модели и количина на телевизори ќе се нарачуваат по основ на јавните набавки објавени од страна на Државна лотарија пред воопшто да бидат објавени постапките за јавни набавки. Второпријавениот А. А. тие информации ги искористил за однапред да изврши увоз на типови и модели на употребувани телевизори по договорените количини, со што бил доведен во поповолна положба во однос на сите други понудувачи во спроведените постапки за јавни набавки и тоа со број на оглас 15018/2022, 05226/2023 и 13530/2023 на телевизори за инсталација на електронски игри, со што првопријавениот П.Б му овозможил на второпријавениот А. А и петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово да се стекнат со противправна имотна корист по три склучени договори за јавни набавки на телевизори во вкупна вредност од 12.980.000,00 денари.
Третопријавениот С. Р, во својство на Директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, во периодот 2023 – 2024 година, потврдил дека примил 107 телевизори од различни модели за организирање на електронски игри на среќа во вкупна вредност од 5.008.562,50 денари, од петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово, за што потпишал испратници и записници за прием на телевизори кои што воопшто не се евидентирани во магацинот и кои што по извршениот вонреден попис не постојат и не може физички да се пронајдат во деловните простории на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РСМ, ниту пак во деловните простории на деловните соработници.
Четвртопријавениот М.З , во својство на Директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија, во периодот 2023 – 2024 година, потврдил дека примил принтери, компјутерска и комуникациска опрема во вкупна вредност од 1.763.720,50 денари, од петтопријавениот правен субјект ДПТУ РИТРОН КОПИ ДООЕЛ Куманово, за што потпишал испратиници и записници за прием на истите, кои што по извршениот вонреден попис воопшто не се евидентирани во магацинот, ниту пак во деловните простории на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РСМ.
Со вака преземените дејствија, третопријавениот С. Р , во својство на Директор на сектор за продажба и комерцијални работи во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија и четвртопријавениот М. З, во својство на Директор на сектор за информатички технологии во АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија го оштетиле на Буџетот на АД за приредување игри на среќа Државна лотарија на РС Македонија во вкупна вредност од 6.772.283,00 денари.