Македонија
Димитров: Граничниот премин Маркова Нога е шанса за заживување на Преспанскиот Регион
Премиерот Оливер Спасовски и министерот Никола Димитров во рамките на настанот посветен на иницијативата за основање центар за грижа и промоција на македонскиот јазик по повод две години од потпишувањето на договорот од Преспа, го посетија граничниот премин Маркова Нога – Лемос информирајќи за активностите поврзани со имплементацијата на проектот за отворање на тој значаен меѓуграничен премин.
Димитров истакна дека отворањето на граничниот премин е овозможено со потпишувањето на договорот од Преспа и е многу важен за локалното население, за туризмот и за економијата.
Овој градничен премин, според Димитров, претставува шанса да заживее целиот прекрасен Преспански Регион.
Како што посочи министерот, пандемијата предизвикана од Ковид-19 го намалила интензитетот на активностите, но идниот граничен премин, сепак, ќе биде отворен.
Според анализите, можно е целата реализација да се заврши за две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

