Контакт

Македонија

Димитров и Османи во Брисел на состаноци со министрите од Шведска и Финска

Објавено пред

Во рамките на работната посета на Брисел, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на Советот за општи работи на ЕУ, попладнево остварија средби со министерката за надворешни работи на Шведска, Ан Линде, и со министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто.

Акцент на разговорите на сите средби беа следните чекори на европскиот пат на Северна Македонија, вклучувајќи го усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

Димитров и Османи потсетија на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период, како на домашен план, така и на планот на унапредување на регионалните и пред сè на добрососедските односи.

Министрите Линде и Хависто изразија конзистентна и принципиелна поддршка за нашите европски интеграции.

Посетата на Брисел на Димитров и Османи продолжува со средба со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ.

Македонија

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лица што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Објавено пред

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји.

Оттаму додаваат дека до овој момент во земјава се уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот.

Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на бирсеви на двајца пацинети ковид позитивни кои се вратиле од патување од Занзибар. Пацинетите се хоспитализирани веднаш откако ги пројавиле првите симптоми на вирусот СарсКОв2.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на Ковид-19 вирусот. Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца.

Прикажи повеќе...

Македонија

Царовска: Обновената спомен-соба на Мисирков значајна за целата држава

Објавено пред

Според министерката за образование и наука, Мила Царовска, отворањето на обновената спомен-соба на Крсте Мисирков претставува значаен настан не само за Институтот за македонски јазик, чиј патрон е Мисирков, туку за целата држава.

„На овој начин се покажува и почитување кон неговото дело, но исто така и вложување во грижата и негувањето на македонскиот јазик и сите оние што придонеле за денешницата“, рече Царовска на промоцијата на музејската поставка за животот и делото на Мисирков, основоположникот на првата стандардизација на македонскиот јазик.

Министерството за образование и наука финансиски ја поддржа иницијативата на Институтот за македонски јазик за реставрирање и подновување на спомен-собата на Мисирков, а кон идејата се приклучи и Град Скопје.

„Дополнително, за да ја зголемиме грижата за македонскиот јазик и за наставниците што ќе го предаваат македонскиот јазик и ќе го истражуваат и проучуваат, годинава првпат обезбедивме и 15 стипендии за студенти што студираат на Катедрата за македонски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. МОН продолжува со политиките кои се во насока на негување и изучување на македонскиот јазик“, нагласи Царовска.

Директорката на Инстититутот, Елена Јованова-Грујовска, потсети дека ова е година во која се одбележуваат 95 години од смртта на Крсте Мисирков, 100 години од раѓањето на Благоја Корубин, еден од основачите на Институтот, и година на чествување на Блаже Конески.

„Мисирков во книгата ‘За македонцките работи’ ги постави основите на правата и стандардизација на македонскиот јазик, Конески ги реализира идеите за современа македонска азбука, правопис и институционална кодификација на македонскиот јазик“, рече Јованова-Грујовска.

Спомен-собата на Мисирков содржи документи и фотографии, дел во електронска форма, кои сведочат за животот и образовната, научната, дипломатската и револуционерната активност на првиот кодификатор на македонскиот јазик. Посебно место во поставката зазема книгата „За македонцките работи“, објавена 1903 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба Сугарески – Бочварски

Објавено пред

На денешната работна средба меѓу директорот на Царинската управа, Горан Сугарески, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и државниот секретар, Митко Трајчулески, се разговарало за активности што се однесуваат на градежни проекти на Царинската управа за изградба или реконструкција на граничните премини и градежни интервенции, информираат од кабинетот на Сугарески.

„Реализацијата на предвидените активности за осовременување на граничните премини ќе придонесат кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот и зголемен квалитет на услугите за вработените и патниците како корисници на граничните премини“, истакна Сугарески.

Се разговарало и за реконструкција на граничните премини Ќафасан и Деве Баир и за набавка на нов национален едношалтерски систем, кои се дел од проектот за олеснување на трговијата и транспортот за Западен Балкан, финансиран со заем од Светската банка, а се реализира преку проектната единица во рамките на Министерството за транспорт и врски, информираат надлежните.

Соговорниците на денешната средба утврдиле дека активно се работи на реализација на проектите, a динамиката при изведување е задржана во согласност со предвидувањата.

„Царинската управа ќе продолжи интензивно да соработува со сите владини и државни институции кои се надлежни за протокот на стоки, добра и патници со цел олеснување на царинските процедури“, известуваат од оваа институција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 минути

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лица што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои...

Регион3 часа

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион4 часа

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет4 часа

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион4 часа

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет5 часа

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа5 часа

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет6 часа

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија21 час

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија23 часа

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет1 ден

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ1 ден

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија1 ден

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа1 ден

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет1 ден

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет1 ден

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет2 дена

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет2 дена

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Европа2 дена

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат...

Свет2 дена

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Досие