Македонија
Димитров: Новата методологија ќе придонесе за интеграција во ЕУ според заслуга и конкретни реформи
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.
Димитров му се заблагодари на францускиот амбасадор во заминување за неговата лична посветеност и принципиелна работа во насока на развој на демократските и европските вредности во нашата земја, посакувајќи му успех во неговите професионални ангажмани.
„Една стратешка определба остваривме, станавме сојузници во НАТО. Верувам дека заеднички ќе работиме и на европското сојузништво“, истакна Димитров, нагласувајќи дека новата методологија креирана на француска иницијатива не само што ќе му даде квалитет на процесот, туку ќе придонесе и за интеграција по заслуга, според имплементацијата на конкретни реформи.
Димитров изрази задоволство за најавата за вклучување на Северна Македонија меѓу географските приоритети за развојна соработка на Франција, во рамките на идните планови на француската Влада за земјите од Западен Балкан, што ќе придонесе за зајакнување на француското влијание како меѓународен актер за развој на регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

