Македонија
Димитров: Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите, но вистинскиот противник е корупцијата
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на Конференцијата на ОБСЕ на високо ниво посветена на темата „Доброто владеење и борбата против корупцијата во дигиталната ера“, во организација на албанското претседавање со Постојаниот совет на ОБСЕ, која се одржува онлајн на 6 и 7 јули.
„Понекогаш знаеме да ги бараме проблемите кај соседите. Но, вистинскиот противник не е таму. Вистинскиот противник е заеднички – корупцијата – и во овој поглед потребно е да работиме заедно и обединето“, истака Димиров.
Во присуство на министри и други високи претставници на земјите учеснички на ОБСЕ министерот ја реафирмира определбата на Владата за борбата против корупцијата како клучна за враќањето на довербата на јавноста во правната држава и демократијата. Притоа, истакнувајќи ги постигнувањата во изминатиот период, посебен акцент стави на воспоставување на порталот „Отворени финансии“, кој овозможува увид во над 17 милијарди финансиски трансакции на буџетските корисници на централно и локално ниво укажувајќи на одличен пример како дигиталната технологија може да придонесе кон зголемување на транспарентноста, интегритетот и доброто владеење.
Конференцијата, посветена на оваа многу значајна тема за сите земји учеснички во ОБСЕ, ја отворија актуелниот претседавач, претседателот на владата и МНР на Албанија, Еди Рама, генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, и министерката за правда на Република Албанија, Етилда Ѓонај. Министерот Никола Димитров се обрати на панелот на високо ниво, на кој говореа и МНР на извршниот директор на Канцеларијата на ОБСЕ за дроги и криминал (UNODC), г-ѓа Гхада Фати Валу, МНР на Обединетото Кралство, како и други министри за надворешни и за правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Што ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ, Стоиљковиќ и врските со Русија, прашуваат од СДСМ
Со своите државнички политики СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата – за помалку од две години. Со тоа обезбедивме трајна безбедност и сигурност за државата и граѓаните, истакнуваат од опозициската партија.
„Благодарение на таа посветеност и сериозна политика што ја води СДСМ, денес во овие тешки времиња што го погодија светот, граѓаните на Македонија се помирни, побезбедни и побезгрижни.
Генералениот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска доаѓа во посета на Македонија.
Прашањето е што ќе рече генералниот секретар на НАТО за назначувањето на почесниот конзул Душан Адамовиќ и за најблискиот соработник на Мицкоски- вицепремиерот Иван Стоиљковиќ кои имаат блиски врски со Русија“.
Прашуваат дали е тоа соодветно за земја членка на НАТО?
„Со денови прашуваме и нема одговор од Мицкоски за неговите врски со Душан Адамовиќ и по кои критериуми на седница на Влада го избра својот пријател за почесен конзул на Македонија во Србија.
За неговите ставови дека „Српска Македонија“ била окупирана, за бројните криминални афери со кои се поврзува, за неговите високи позиции во СНС – сестринската партија на ВМРО како и за неговите врски со Русија.
Нема одговори“.
Нема одговори, како што велат ниту за прославите на првиот соработник на Мицкоски во Владата, вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, со „Ноќните волци“ блиски на Путин.
Дали ваквите кадри ја зајакнуваат или ја компромитираат нашата позиција во Алијансата и на меѓународен план“.
Македонија
Комунална хигиена-Скопје: Најголемо количество непрописно одложен отпад во февруари, 600 кубни метри, е подигнато во општината Центар
Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.
„Отстранети се и 2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 600 кубни метри – е подигнато во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Записниците за прекршителите на Законот за јавна чистота беа врачени во следните општини:
1. Општина Чаир – 54 записници
2. Општина Карпош – 18 записници
3. Општина Аеродром – 11 записници
4. Општина Центар – 9 записници
4. Општина Ѓорче Петров – 6 записници
5. Општина Гази Баба – 2 записника
ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со реализација на еко-предавања и работилници во скопските основни училишта и предучилишни установи. Преку еко-едукацијата најмладите жители на нашиот град се запознаваат со активностите на Претпријатието, се едуцираат како правилно и совесно да постапуваат со својот комунален отпад, на кој начин се врши примарната селекција на отпадот и како се одвива процесот на рециклирање.

Во текот на минатиот месец, 253 ученици и 64 дечиња од основните училишта и градинките во општините Аеродром, Центар и Чаир имаа можност да ги проследат едукативните предавања за правилно постапување со отпадот и заштита на животната средина. Предавањата се одвиваа на македонски, албански и турски јазик“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

