Контакт

Македонија

Димитров по средбата со Иванов: За решение потребна е одговорност од сите политички фактори

Објавено пред

За прашањето за името, потребна е одговорност од сите политички фактори, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов.

„За ова исклучително значајно прашање за разликата околу името, прашање што не’ влече надолу и ни’ ја попречува иднината повеќе години, потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори. Доколку најдеме начин да го затвориме овој проблем со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно, ќе бидеме на правата страна на историјата“, рече Димитров.

Министерството за надворешни работи соопшти дека, во рамки на состанокот, Димитров го информирал Иванов за содржината на последните разговори со шефот на дипломатијата на Грција, Никос Коѕијас, во Њујорк и во Брисел.

Претходно денеска, претседателот изјави дека целиот процес за името наликува на личен договор меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Иванов и по средбата со Димитров, останува на својот став против промена на Уставот и ерга омнес решение за спорот околу името.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Јабланица ќе стане национален парк

Објавено пред

На 116. седница беше прифатена информацијата за поддршка на иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк. Иницијативата е од месните заедници на подрачјето на планината Јабланица, како и од невладиниот сектор, а е прифатена и од градоначалниците на општините Струга и Вевчани.

Првиот чекор е изработка на студија за валоризација или ревалоризација на природните вредности на Јабланица. По изработка на студијата, постапката за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје ќе ја почне Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа ќе се зголеми процентот на заштитените подрачја на национално ниво, со што ќе се исполнат и барањата на националната легислатива за заштита на природата, како и меѓународните обврски во согласност со ратификуваните конвенции и ЕУ-директивите за живеалишта и видови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Донесена предлог-годишната програма за заштита на природата

Објавено пред

Владата денеска ја донесе предлог-годишната програма за заштита на природата за 2019 година. Со неа ќе се постигне поефикасна заштита на природата преку имплементација на активности и мерки од стратешки документи, како Националната стратегија за биолошка разновидност со акционен план (2018-2023) и Националната стратегија за заштита на природата со акциски план (2017-2027). Со Програмата за заштита на природата ќе се овозможи понатамошно хармонизирање на националното законодавство со законодавството на ЕУ за заштита на природата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стотина бездомници затечени под Калето ќе добијат топол дом

Објавено пред

Министрите на денешната владина седница ја прифатија информацијата за интервентно згрижување бездомни лица затечени на локацијата под Калето во објекти на установи за социјална заштита.

Притоа, Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика, преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, во периодот до март годинава, да обезбеди сместување на затечените лица под Калето во објекти што ги користи ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје.

Станува збор за 30 семејства, односно 99 лица. Од нив, само 9 семејства поседуваат некакво живеалиште, а другите се евидентирани како бездомни лица. Сместувањето на бездомните лица е во согласност и со препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата на воздухот бидејќи на овој начин овие лица нема да палат несоодветни материјали за греење и дополнително да го загадуваат воздухот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет10 часа

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Македонија10 часа

(Видео) Десетина имиња во игра за претседателски кандидат на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ. Тој најави...

Изборни измени13 часа

Малите партии бараат една изборна единица, па потоа избори

Малите партии ја реафирмираат идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи на гласање. Тие...

Македонија13 часа

(Видео) Дејан од Ѓорче Петров: „Помогнете ми, ама не како Боки 13“

Дејан Костовски од Ѓорче Петров вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не го испочитувал ниту договореното за плаќање...

Македонија13 часа

Теута Арифи за 300 илјади евра каскадно ќе ја уредува Пена

Општина Тетово за 17 милиони денари или речиси 300 илјади евра ќе става потпорни ѕидови на реката Пена во делот...

Македонија14 часа

СЈО испитува дали баџанакот на Ѕинго, Стојан Миланов, наместил тендер на кочанска фирма

Специјалното јавно обвинителство отворило предистражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување по кривичната пријава која ја поднесе СВР...

Македонија15 часа

Учениците од утре повторно на настава

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година почнува утре и важи за сите ученици од јавните и...

Македонија16 часа

Владата го испрати Законот за употреба на јазиците до Венециската комисија

Владата ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венециската комисија, заедно со алтернативниот текст на...

Македонија16 часа

Во 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Во 18 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз во Скопје поради намалување на загаденоста во градот, соопштија од Град Скопје. И...

Спорт16 часа

Исчезнал авионот со кој летал најскапиот играч на Кардиф

Емилиано Сала (28), кој три и пол години играше за Нант, пред неколку дена потпиша за Кардиф за клупски рекорд...

Македонија17 часа

(Видео) Македонец си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

Македонски државјанин кој живее во Австрија ја убил вчера напладне својата сопруга, пренесуваат австриските медиуми. Жената, истотака со потекло од...

Топ18 часа

На Табановце приведено лице кое се барало за издржување затворска казна

Лице кое се барало за издржување казна затвор во траење од една година, било приведено при пасошка контрола на граничниот премин...

Регион19 часа

Српски медиуми: По Путин, во Белград доаѓаат Трамп и Меркел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел во текот на оваа година да ја посети Србија, објавува во денешното издание...

Македонија20 часа

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за преспанскиот договор со која ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија1 ден

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија1 ден

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија1 ден

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија1 ден

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Досие