Македонија
Димитров: Со Турција сме сојузници уште од независноста, сега ќе бидеме заедно и во НАТО
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, вчера и денеска престојува во земјата по покана на неговиот македонски колега, министерот Никола Димитров.
Како што информираат од Министерството, на средбата меѓу двајцата министри биле разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката.
„Ние бевме сојузници од самата независност на државата, а со ратификацијата го формализиравме тоа сојузништво во поширок евро-атлантски контекст. Пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО ќе ја помести државата надвор од регионалните процепи на несигурност и неизвесност и ќе овозможи побезбедна и попредвидлива перспектива“, истакнал Димитров на средбата.
На неа било истакнато дека со ратификацијата на пристапниот протокол за членство на државава во НАТО од страна на турскиот парламент само се потврдени блиската соработка и сојузништвото меѓу двете земји, кои, како што било речено, сега и формално ќе бидат заедно во НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

