Контакт

Македонија

Директорка на училиште во Драчево со лажен сертификат за англиски ја добила позицијата, вакво нешто сторила и директорката на болницата во Дебар, кривични против двете

Објавено пред

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 49-годишната Т. К. од Скопје и 56-годишната С. К. од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.

dobivaj vesti na viber

„Пријавената Т. К., вработена во основно училиште во с. Драчево, Скопско, и пријавената С. К., вработена во Општата болница во Дебар, набавиле лажни меѓународни сертификати за познавање англиски јазик, издадени од училиште за јазици од Република Бугарија. Т. К. го употребила сертификатот при аплицирање на јавен оглас за избор на директор на основно училиште во с. Драчево по што со решение на градоначалникот на општина Кисела Вода била именувана за директор во училиштето“, велат од МВР.

На сличен начин С. К. го употребила сертификатот за познавање англиски јазик при пријавување на конкурс за именување директор на ЈЗУ Општа болница – Дебар по што од министерот за здравство била именувана за вршител на должноста директор на ЈЗУ Општа болница – Дебар.

Македонија

Сè повеќе повици за присуство на змии во Македонија, ЦУК со апел за внимателно движење во природа

Објавено пред

На секои неколку дена има пријава за змии и во населени места.

dobivaj vesti na viber

Центарот за управување со кризи информира дека во земјата нема специјализирана служба за нивно заловување и безбедно отстранување. Од ЦУК велат дека претходно граѓаните се жалеле дека не ги упатуваат до заловувач, со кој би можеле да стапат во контакт, а сега кога дежурните служби им нудат контакт со лица што приватно се занимаваат со таа дејност, некои граѓани се лутат што услугата не е бесплатна. Повеќето од граѓаните, сепак, покажуваат разбирање споредувајќи го тоа со договорна услуга кога повикуваат мајстор за поправка во домот, велат од ЦУК, потсетувајќи дека е сезона на пожари, па пожарникарите не може да интервенираат за ваков тип специфични и ретки случаи, меѓу кои и симнување мачки од високи места и дрвја.

„Почестата појава на змии во населени места укажува дека локалните самоуправи, а секако и на повисоко ниво специјализирани институции од ветеринарната област, во рамките на своите можности е пожелно да се обидат во соработка со професионалци од ветеринарната област да им помогнат на граѓаните и за одбивање од одредени површини и реони со разни еколошки средства против змии, а и со безбедно заловување во одредени случаи кога се во објекти во населени места“, велат од ЦУК.

Препорачливо е внимателно движење во природа, а при средбите со диви животни да бидете смирени и да не се приближувате до животните многу блиску од љубопитност бидејќи природата нема заштитни огради како во зоолошка градина. Тие се диви животни и ако се почувствуваат загрозено, заради нивна самозаштита, може да нападнат, конкретно за одбрана на својот личен безбедносен простор, а потоа да избегаат. Носете стапови за движење во природа и низ густата вегетација пред вас да проверувате и да ги избркате змиите, секако ако ги има пред вас, а ако има случајно каснување од змија, да се повика 112.

Сите итни случаи се пријавуваат на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Венко Филипче: за изборот на најтесното раководство ќе има широка дебата

Објавено пред

Венко Филипче, кандидатот за претседател на СДСМ, вчера се сретна со членовите во Ѓорче Петров и Карпош, каде што ја презентира програмата и разговараше со членовите за тоа какви промени се потребни во партијата за да се врати на победничките патеки.

dobivaj vesti na viber

Филипче во своето обраќање се осврна на начинот на кој планира да ја води партијата доколку биде избран за претседател и кои ќе бидат барањата од неговите идни соработници и функционери на СДСМ.

„Јас планирам да водам со пример и ќе очекувам и барам сите функционери да го следат тој пример и начин на однос со луѓето и пристапот во политиката. Јас сум отворен за сите, секогаш достапен и така планирам да работат сите во партијата. Луѓето во партиската структура ќе ги избирам според тоа колку се вредни, професионални, работливи, колку имаат образ и колку се другари. Ова ќе бидат критериумите затоа што сметам дека функционирањето на партијата треба да се професионализира“, истакна Филипче.

На прашањето кои ќе бидат неговите најблиски соработници, тој рече дека е доследен на ветувањето да не најавува однапред членови на идното раководство бидејќи на тој начин може да се формираат групи за поддршка, што, според него, не би било фер кон другите кандидати. Но, за изборот на најтесното раководство ќе има широка дебата и презентација на тимот во општинските организации за да соберат мислења од членовите, со цел да се изберат луѓето со најголема поддршка и кредибилитет.

„Јас не сум разговарал со никого затоа што сметам дека претседателот треба да го прави изборот на раководство по неговиот избор. Но, да знаете дека мојот предлог-тим ќе биде презентиран пред сите општински огранизации. Ќе сакам да слушнам сугестии и дебата за тоа кој ќе го води СДСМ и ако проценам дека одредени луѓе не се соодветно прифатени, ќе изберам други. Мојата цел е, пред сѐ, да имаме луѓе на позиции што ќе ја вратат довербата кај членовите на партијата бидејќи нашето ткиво моментно е загрозено“, рече Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи во Виена и Вахау на состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на Западен Балкан“

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес и утре ќе престојува во работна посета на Австрија, каде што ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на Западен Балкан“, што се одржува во Виена и Вахау, на иницијатива на министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.

dobivaj vesti na viber

Османи ќе се обрати на двете работи сесии на состанокот на теми „Поплочување на патот за пристап на Западен Балкан во ЕУ преку постепена интеграција“ и „Проширување на ЕУ со Западен Балкан: Време е да се оствари!“

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сè повеќе повици за присуство на змии во Македонија, ЦУК со апел за внимателно движење во природа

На секои неколку дена има пријава за змии и во населени места. Центарот за управување со кризи информира дека во...

Македонија3 часа

25-годишен војник почина на Криволак, му се слошило за време на марш

Дваесет и петгодишен професионален војник почина на полигонот Криволак за време на марш кога му се слошило. Се работи за...

Спорт3 часа

(Видео) Албанскиот репрезентативец Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Албанија и Хрватска, вчера во Хамбург, одиграа одличен натпревар. Заврши 2:2, откако Хрватска направи пресврт по водството на Албанија, а...

Македонија4 часа

Елфете Исмаили oд Алијансата е кандидат за заменик-министер за одбрана, а Флакрон Беџети за заменик-министер за земјоделство

Крилото на Арбен Таравари од Алијансата за Албанците одржа состанок, на кој се разговараше за изборот на кадрите за идната...

Македонија4 часа

Филипче: На СДСМ му се потребни нови луѓе, но и старите членови интелектуалци, социјалдемократи

Кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче оствари средби со сопартијците од Општинските организации на Ѓорче Петров и Карпош. На...

Македонија5 часа

Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а по должината на Повардарието повремено засилен...

Топ15 часа

Исчезнаа седум Непалци кои работеле во скопски фирми

Седум лица од Непал исчезнаа во текот на вчерашниот ден. Според информациите, тие работеле во две скопски фирми, а им...

Македонија18 часа

Вонреден наздор во битолската болница и детската клиника по смртта на бебето

Заменичката-министерка за здравство, Маја Манолева испратила наредба до Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веднаш да спроведе вонреден инспекциски надзор...

Економија19 часа

Мицкоски: По формирање на владата ќе ја разгледаме можноста за враќање на цената на електричната енергија, дури и за намалување

Ние веднаш по формирањето на владата ќе седнеме ќе ги видиме законските можности кои ни стојат на располагање, ќе ги...

Економија24 часа

Бислимоски: Во однос на регионот, Македонија е една од земјите со највисоки загуби на вода

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски кажа дека загубите на вода во Македонија се некаде околу 62 проценти на ниво на...

Топ24 часа

Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Липково, загина 19-годишник

Вчера во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во село Оризаре, липковско,...

Македонија1 ден

Прегазена мечка на патниот правец Гостивар – Охрид

Регионалниот ЦУК Тетово известува, дека на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за сообраќајна...

Македонија1 ден

Петмина осомничени за насилството во дворот на Клиничкиот центар: со клоци и тупаници, со метални шипки, дрвени палки претепале едно лице

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет лица, кои се осомничени дека заедно сториле кривично...

Регион1 ден

Три земјотреси за неколку минути го погодија Крит

Три земјотреси со јачина од 3, 3,4 и 3 степени според Рихтеровата скала се случија во раните утрински часови во...

Европа1 ден

(Видео) Руски нуклеарни подморници лансираа проектили, целта била оддалечена 170 километри

Подморници на руската северна флота со нуклеарен погон лансираа крстосувачки ракети кон морските цели како дел од вежбите во Баренцовото...

Свет1 ден

Путин го нападна Западот во разговорот со Ким, лидерот на Северна Кореја порача: Ова е историски момент

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна синоќа во својата прва посета на Северна Кореја по 24 години, ветувајќи дека ќе ги...

Европа1 ден

Американски војник осуден во Русија на речиси четири години затвор

Руски суд осуди американски војник на три години и девет месеци затвор под обвинение за кражба и закана со убиство,...

Свет1 ден

Шефот на НАТО за посетата на Путин на Северна Кореја: Загрижени сме

НАТО е загрижен за поддршката што Русија би можела да ја даде на севернокорејската ракетна и нуклеарна програма, изјави шефот...

Македонија2 дена

Топлотен бран во Македонија: Бремените и лицата над 60 години да се ослободат од работа, децата да не излегуваат на отворено до 17 часот

Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државата и донесе соодветни...

Топ2 дена

Залутан куршум заврши во грбот на скопјанец додека возел велосипед низ Чаир

Додека 35-годишниот А.Ф. од Скопје се возел со својот велосипед во Чаир, почувствувал болка во грбот. Бил пренесен во болница,...