Македонија
Директорот на АВМУ: Професионални медиуми и медиумски писмени граѓани се клучни за борба против дезинформациите
Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски, учествуваше на регионална онлајн-конференција за справување со предизвиците од дезинформациите во Западен Балкан, што се одржа на 11 и 12 ноември 2020 година.
На панел-дискусијата посветена на справувањето со дезинформациите од институционална перспектива, Трајчевски посочил дека постои наплив на дезинформации чиј интензитет се зголемува во зависност од актуелните случувања.
„Во трката за ексклузивност и поголема публика, повеќето држави, меѓу кои и нашата, се соочија со појавата на дезинформации или недоволно проверени информации, кои предизвикаа дополнителен проблем во справување и заштита од Ковид-19“, истакнал тој.
Директорот посочил дека во неколку наврати Агенцијата јавно реагирала и повикувала на почитување на професионалните новинарски стандарди и на неопходноста од точно и навремено информирање на граѓаните.
„Сите ние, без оглед дали станува збор за регулаторни тела, граѓански асоцијации, новинарски здруженија или државни институции, сме соочени со многубројни предизвици, но, сепак, не треба да заборавиме дека имаме заедничка цел – а тоа се професионални медиуми и медиумски писмени граѓани“, истакнал Трајчевски на панел-дискусијата.
Конференцијата ја организира Советот за регионална соработка, во соработка со „ОБЦ транс-Европа“, Европската служба за надворешно дејствување на ЕУ и Европскиот центар за борба против хибридни закани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

