Македонија
ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“
Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид откога ја ставија на лицитација статуетката што ја добија на доделувањето на наградите на „Златна бубамара“.
Статуетката заврши кај Митрески Кирче од Охрид, кој ја дал најголемата понуда во износ од 250.000 денари, но и другите понудувачи одлучиле да ги донираат парите за истата цел.
„Премногу сме благодарни, и тоа не само нему, туку и на сите вас што учествувавте во лицитацијата или ја споделувавте со цел да стигне до што повеќе луѓе. Во исто време, сакаме да ви соопштиме една преубава вест и воедно да им искажеме огромна благодарност и на господата што беа дел од лицитацијата: Filip Patrikliski (Eam T-Shirts), кој понуди 150.000 денари, и Живко Коцев (90.000 денари), како и компанијата „Еклектик диспеч“ (200.000 денари), понуди што, иако не беа највисоки, сепак решија да ги донираат за Лео“, велат Панчо и Андреј.
Додаваат дека Македонија уште еднаш покажа дека е хумана држава и има нација со огромно срце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски најави нова обиколница во Штип следната година
Премиерот Христијан Мицкоски најави нова обиколница во Штип следната година.
„Обиколницата е проект којшто во оваа фаза ќе биде со вредност нешто помала од 2 милиони евра, но затоа на почетокот од следната година повторно планираме сериозни инвестиции во општините и повторно ќе има јавен повик преку Министерството за локална самоуправа и тука очекувам дополнителни проекти за штипјани, коишто ќе произлезат од страна на Општината, а знам дека и градоначалникот и советниците и администрацијата и пратениците од овде од Штип работат многу, работат заеднички и знам дека такви проекти веќе се подготвени и чекаат практично на реализација“, рече Мицкоски.
Премиерот денеска присуствуваше на Пастрмајлијадата во Штип. Истакна дека се очекува голема потрошувачка на штипскиот специјалитет, а граѓаните да си поминат убаво. Сите оние коишто овој викенд имаат дилема како да го поминат, Мицкоски ги покани во Штип на уживање во штипскиот специјалитет и убава музика.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Да не влегуваме во замката на бугарската предизборна кампања
Потпретседателот Александар Николоски даде одговор на тезата на Борисов, јас немам што повеќе да додадам, кажа премиерот Христијан Мицкоски од Штип во одговор на новинарското прашање како го коментира барањето на Борисов за оставка на министерот Николоски.
„Ќе треба да си го гледаме нашиот интерес како држава, да не влегуваме во замката на нивната предизборна кампања и реториката која што е дел од предизборната кампања во Бугарија. Жалам што во отсуство на сериозна визија, проекти, стратегија и политики, главна тема во Бугарија сакаат да биде Македонија и македонското прашање, но тоа е нивен избор, не е наш избор“, рече Мицкоски.
Тој им посака успешна кампања и избор на стабилна влада.
„Конечно по седми пат да изберат стабилна политичка влада со која што ние како македонска влада ќе можеме да градиме вистински добрососедски односни и заеднички да чекориме кон патот на целосна интеграција на нашата земја во рамките на ЕУ. Тоа се очекува од добри соседи и затоа постои договор кој што е наречен добрососедски договор“, додаде премиерот.
Македонија
(Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија.
„Не е април. Тоа би била добра првоаприлска шега“, рече Мицкоски.
Европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев за БНТ изјави дека ја информирале „Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ“ и ќе побараат да се иницира процедура за исклучување на таа партија од ЕНП.