Македонија
Доделени 20 стипендии за студенти од македонската заедница во Албанија
За студиската 2020/2021 година доделени се вкупно 20 стипендии на студенти од Република Албанија, кои се со македонско потекло, а се однесуваат на студирање на високообразовните институции во земјава, информираат од Министерството за образование.
Програмите за соработка и за стипендирањето на студентите од македонската заедница во Албанија за студирање во нашата држава, беа тема на која денеска се осврнаа министерката за образование и наука, Мила Царовска, во рамки на нејзината посета на Албанија и пратеникот и претставник на македонската заедница Васил Стерјовски.
Двајцата за време на состанокот разговараа за унапредувањето и интензивирање на веќе воспоставената соработка во областа на образованието на сите нивоа помеѓу двете земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фетаи- Сарацин: разменети мислења за евроинтеграцијата и приоритетните реформи
Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денес се сретна со Специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Средбата се одвиваше во отворена и конструктивна атмосфера, при што се разговараше за стратешките приоритети на Владата во контекст на европската интеграција.
Вицепремиерот Фетаи и специјалниот претставник Сарацин разменија мислења за неопходноста од забрзување на процесот на пристапување кон Европската унија, кој останува стратешка цел на Северна Македонија. Во текот на разговорот, Фетаи ја нагласи силната посветеност на Владата кон унапредување на клучните реформи, како што се зајакнување на правната држава, интензивирање на борбата против корупцијата и градење на стабилни и функционални демократски институции.
Посебен акцент беше ставен на зачувувањето и унапредувањето на меѓуетничката хармонија, како и на промоцијата на јазичната разновидност – вредности кои се основа на општествената кохезија и развој на земјата.
Специјалниот претставник Сарацин ја истакна важноста од исполнување на обврските кои произлегуваат од Преговарачката рамка и ги охрабри властите во Северна Македонија да го искористат поволниот момент за започнување на преговорите за членство. Тој нагласи дека во рамки на ЕУ постои широк консензус за потребата од проширување со земјите од Западен Балкан.
Македонија
Град Скопје за градоначалникот Курто Дудуш: Само во Македонија кога функционер е фатен во криминал, организира протести за да го покрие сопствениот срам
Само во Македонија кога функционер е фатен во криминал, организира протести за да го покрие сопствениот срам. За жал, таков е и случајот со градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш кој е доволно храбар ем да им наплаќа на сопствените сограѓани противправно „услуга“ за собирање на смет, истиот тој смет да го собира со општински возила и нелегално да го фрла на дива депонија формирана на приватен плац сопственост на Курто Дудуш, реагираат преку соопштение од Град Скопје:
Срамота е додаваат од оваа институција, во 21 век, во 2024 година вакви луѓе да зборуваат и да обвинуваат други за наводен расизам. Во време кога здравата животна средина е императив , да ги труеш своите сограѓани креирајќи диви депонии не е расизам туку екоцид врз сопствениот народ.
Ги повикуваме надлежните органи, МВР и Јавното Обвинителство сериозно да ги разгледаат доказите кои се состојат од видео и фото материјали, записници, документации и изјави, а кои ќе бидат доставени од градот Скопје.
Следниот пат кога Дудуш ќе ги повика жителите на својата општина на протести, нека им објасни што всушност крие и дека градот Скопје нема намера да ги чисти депониите кои тој лично ги прави.
Македонија
Маж зема огнено оружје и пукаше кон улични кучиња во Драчево: скопјанка со повик до ЈП „Лајка“ да реагираат
Преку социјалните мрежи скопјанката Амела Мемиш Апостоловска, алармираше за појава во една од скопските населби.
– Ги повикувам од ЈП ЛАЈКА – Скопје да реагираат за постов, знам дека во пријатели имам личности кои се таму вработени и менаџери. Денеска сведочев за човек кој живее кај моите родители. Негледајќи дека јас сум во возилото, зема огнено оружје и го упати со истрел кон 5 кучиња кои само јадеа на самиот тротоар и ништо на никого не правеа, откако виде дека го гледам се повлече, а оружјето го наполни повторно на самата тераса и го остави позади врата’, напиша таа.
– Првенствено имам деца кои на таков начин кога би го виделе би створиле траума, второ добив информација дека и птиците ги стрелал, жал ми е што не бев во состојба да направам слики прибидејќи веќе имав еден телефонски разговор и самиот телефон не подржуваше камера да се вклучи. Човекот е жител во населба Драчево, дали има дозвола за тоа оружје да го има дома, дали е во психичка здравствена состојба добар не верувам. Ова веќе го допре дното“, сподели Амела во фејсбук објавата.