Контакт

Македонија

ДОМ и европските зелени: Поглавјето за животна средина да се отвори на почетокот на преговорите со ЕУ

Објавено пред

Поглавјето за животна средина да се отвори на почетокот на преговорите за пристапување на Македонија кон ЕУ, беше заклучокот на конференцијата „Акција против климатските промени СЕГА!“ што вчера се одржа во организација на Зелениот институт и ДОМ, а со поддршка на холандската фондација „Биро де Хелинг“.

Учесниците на собирот се согласија дека ова прашање е со еднаква важност, но и комплексност, како и поглавјата за правда и слободи, кои секогаш се отвораат први и се затвораат последни.

Оваа конференција беше во рамките на посетата на ДОМ од страна на делегација од европските зелени од 1 до 3 октомври 2019 година, во која е членот на Извршниот комитет на европската партија и поранешен европратеник од Австрија, Томас Вајс, заедно со координаторката за соработка со партиите членки, Весна Јусуп.

Конференцијата ја отворија Наташа Амдиу, претседателка на Зелениот институт, и Маја Морачанин, претседателка на ДОМ, која говореше за зелените политики за климатска акција. За европските искуства во борбата со климатските промени зборуваше Томас Вајс од европските зелени, а за националните придонеси кон Парискиот договор, Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина.

Деканот на Шумарскиот факултет, проф. Кирил Сотировски, говореше за улогата на шумите и урбаното зеленило во заштитата на климата, а проф. Зоран Димов од Факултетот за земјоделски науки и храна за неопходните промени во земјоделската пракса. За одговорноста на медиумите за еколошката свест и родовата перспектива во климатските промени се осврна Наташа Доковска од „Новинари за човекови права“, а за потребата од поамбициозни климатски политики, Елена Николовска од „Екосвест“. Конференцијата ја модерира Лилјана Поповска, пратеничка од ДОМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Oблачно со услови за дожд, следните два дена следи стабилизација

Објавено пред

Денеска ќе има локални врнежи од дожд претежно во западните и крајните источни делови, на места ќе има пороен дожд проследен со појава на грмежи, информираат од УХМР.

Според најавите од таму во следните два дена ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, а услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја.

Под влијание на нов влажен бран, во петок и сабота ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни.

Прикажи повеќе...

Македонија

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Објавено пред

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од Министерството за здравство.

Станува збор за 10.530 дози од вакцината, кои веќе од среда ќе бидат распределени на вакциналните пунктови во државата, каде што се одвива вакцинацијата во согласност со Националната стратегија за ковид-имунизација.

Вакцините ќе бидат чувани во специјалните фрижидери кои постигнуваат температури под -70 степени, што државата ги набави во јануари токму за вакцината на „Фајзер“, која мора да биде складирана под посебни услови.

На почетокот од годинава Владата објави дека министерот за здравство, Венко Филипче, во директни преговори со американскиот производител договорил 800.000 дози од вакцината против Ковид-19, кои ќе се доставуваат во повеќе пратки во текот на 2021.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Објавено пред

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавило дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана што ги бев изнајмил, а некои од нивните апологети во медиумите тоа го објавиле како сигурна информација, пишува на „Фејсбук“ поранештниот премиер во бегство, Никола Груевски.

„Невозможно е да замрзнале мој имот што го немам и никогаш не бил моја сопственост, кој никогаш не сум го купил, ниту сум го платил, ниту поседувал ниту бил на нечие друго име или слично. Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не, и под кои услови и околности кон лицата чиј имот го замрзнале, кој им е договорот и со што ги уцениле, па како резултат на тоа ги знаат и причините поради кои тие лица ‘не се жалеле’“, стои во објавата на Груевски.

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавиле дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана кои ги бев…

Posted by Nikola Gruevski on Понеделник, 19 април 2021

Поранешниот премиер, кој доби азил во Унгарија, обвинува дека ОЈО под директива на власта, со цел негова дискредитација, има извршено уцени и жестоки притисоци.

„Некаде и со изрекување притвори, некаде со закана за долг притвор и потоа долгогодишен затвор, уништување бизниси и жесток прогон кон одредени бизнисмени, нивни вработени и други, дел за мене познати, а дел непознати лица, со цел да направат конструкција на база на изнудени лажни сведочења дека наводно тајно сум купил таков вид имот“, наведува експремиерот.

Тој тврди дека списокот на лица врз кои се вршеле и понатаму се вршат тортури е долг.

„Како што стојат работите, повторно како во комунизмот ќе водат постапки со неколку уценети и од нив преплашени сведоци, кои се под големи закани и на кои подолг период им се барани слабости, грешки или што било со што може да бидат уценети во смисла да не се поведе прогон за нив, а за возврат тие да ги потврдат конструираните тези на Обвинителството“, пишува Груевски.

На крајот од својата подолга објава тој посочува дека ќе дојде време кога, како што вели, на сето ова беснеење ќе има ревизија, но и ревизија на работењето и криминалот на актуелната власт.

„Од ден на ден нивниот страв расте. И ќе расте. Има причина за тоа. Доаѓа време кога сведоците, ама не лажни или уценети, туку реални и без страв, поткрепени со матерјални докази, ќе застанат наспроти нив“, заклучува поранешниот премиер во бегство.

Викендов беше објавено дека Кривичниот суд замрзнал новооткриен имот на Никола Груевски од два стана и плац на Водно од 3.000 квадратни метри како дел од истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески посочи дека имотот не фигурирал на името на Груевски, кој во моментот е политички азилант во Унгарија, но сознанијата говорат дека суштински е негов.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 минути

ЕУ: Од мај 651.000 вакцини против Ковид-19 за Западен Балкан

Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од...

Македонија11 час

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Европа11 час

Шведски доктор: Секој ден фрламе стотици дози „астра зенека“

Стотици дози од вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 се фрлаат секој ден во Стокхолм затоа што жителите одбиваат да...

Македонија12 часа

Груевски: Тие си знаат чиј имот замрзнале, но мој сигурно не е

Денес дознав дека деновиве ОЈО објавило дека замрзнале наводен мој имот, односно земјиште и два помали стана што ги бев...

Европа15 часа

Политичките лидери за Суперлигата: Богатите не може да ја присвојат убавината на фудбалот

Дванаесет големи европски фудбалски клубови синоќа објавија дека ќе стартуваат нова Суперлига, затворено натпреварување, во кое ќе играат само најсилните...

Македонија16 часа

35 починати и 135 нови случаи на Ковид-19

Oд Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 841 тестирањe, а регистрирани се 135 нови случаи...

Македонија16 часа

Рестриктивните мерки продолжуваат и во наредните седум дена, препорача Комисијата за заразни болести

Главниот кризен координативен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Комисијата за заразни болести и врз основа на...

Македонија17 часа

Џафери тврди дека ги консултирал институциите – заразените пратеници гласале според дополнителен протокол

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека бил приморан да се потпре на дополнетиот протокол со кој...

Економија19 часа

Угостителите утре излегуваат на протест, бараат спас за секторот

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа во исклучително тешка положба, а за негов спас е потребна сериозна и континуирана финансиска помош каква...

Македонија20 часа

Филипче: Состојбата со новозаразени е стабилна, бројот на пациенти намален

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека имал состанок со директорите на клиниките и на ковид-центрите на кој била направена...

Македонија22 часа

Границата со Грција останува затворена за македонските граѓани, Србите можат да патуваат преку Бугарија

Грчките граници остануваат затворени за влез на државјани на трети земји, меѓу кои и Северна Македонија. За нив, владата во...

Регион22 часа

Словенија ги ублажува мерките, до 100 луѓе ќе можат да се соберат на едно место

Словенија полека ги олеснува мерките, па од денес е во сила одлуката на владата дека можат да се соберат до...

Македонија23 часа

Денеска во Македонија пристигнуваат 10.000 вакцини на „Фајзер“

Попладнево се очекува да стигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“, а според најавите, уште толку ќе пристигнат и следната недела. Вакцините...

Европа23 часа

Макрон: Санкциите не се доволни за Русите, треба остро да се разговара со нив

Тензиите на руско-украинската граница се неприфатливи, смета францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека санкциите против Русија не се доволни. „Денешната...

Свет1 ден

Убиецот кој застрела осум луѓе во „Федекс“ го купил оружјето легално

Момчето кое уби осум лица со огнено оружје во објект на „Федекс“ во Индијанаполис, САД, а потоа изврши самоубиство, купил...

Свет1 ден

Келин: Руските власти нема да дозволат Навални да умре во затвор

Рускиот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, изјави денеска во интервју за Би-Би-Си дека власта нема да дозволи Алексеј Навални...

Македонија2 дена

Заев: Со згрозување ја примив информацијата дека за Мицкоски гласањето во Собрание било тероризам

Со згрозување ја примив информацијата дека за Христијан Мицкоски овој чин бил тероризам. Мицкоски се дрзна гласањето помош за граѓаните...

Македонија2 дена

Мицкоски за болните пратеници во Собранието: Ова е тероризам, а не 27 април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го коментира доаѓањето на пратениците болни од коронавирус во Собранието. „Ова во Собрание е тероризам,...

Македонија2 дена

Во Македонија 364 нови случаи на коронавирус, починаа 24 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 364 нови случаи на коронавирус, 24 лица починаа, а оздравеа 689 заболени,...

Македонија2 дена

Изгласан петтиот пакет мерки, гласаа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19

Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки за помош на стопанствениците и економијата погодени од пандемијата. Изгласани се Законот за...

Досие