Македонија
Со донација решен проблемот за затоплување на студентите во домот „Кузман Јосифовски Питу“
Државниот студентски дом ја информира јавноста дека благодарение на донација, во текот на вчерашниот ден (14 јануари) обезбедена е доволна количина на екстра лесно масло за затоплување на студентите сместени во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.
Со тоа е надминат проблемот, кој, како што информираат надлежните, настанал поради технички причини.
Директорот на Државниот студенски дом, Виктор Велевски, во соопштението изразува благодарност до компанијата Gulf Oil, која го обезбедила маслото за греење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Дефокус на ВМРО преку Алфа и Жан додека се носат 10.000 „сезонски работници“
„Додека јавноста е бомбардирана со лажни и измислени афери со координирани напади преку Алфа ТВ, лажните изјави на Жан и кујните, Владата на ВМРО носи 10.000 „сезонски работници“. Дупката во Буџетот е веќе 2 милијарди евра, нема пари за плати и пензии поради криминалните тендери. Како ќе се обезбедат 6 милијарди евра кредит? Преку познатиот договор кој го објавија британските медиуми“, велат од СДСМ.
„Како ќе се сокрие тоа од јавноста? Со дефокус, измислен „рекет“, црна кампања и брутален јавен линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче и членовите на партијата.
Сеат магла, преку Алфа ТВ, Геро, Бетмен Велит, преку Ивона позната по врската со Латас, Наум Стоилковски, преку медиумскиот октопод Алфа–Алта, создаден од ВМРО а финансиран со пари на граѓаните на Македонија, кои се испумпуваат преку тендери.
Дефокус за пренасочување на вниманието на јавноста од вистинските економски проблеми на граѓаните и главната тема, мигранти за пари.
СДСМ ќе продолжи да ја разобличува секоја лага на кујните на ВМРО, секој дефокус и секоја злоупотреба“, соопштуваат од СДСМ.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

