Македонија
Досега самопопишани 137.111 лица од дијаспората

Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7.102 македонски државјани и се надеваме дека ова темпо на попишување ќе продолжи до крајот на пописот, на 21 април, велат од Државниот завод за статистика (ДЗС).
Од таму информираат дека вкупниот број на самопопишани во моментов е 137.111 лица и додаваат дека интересот на нашите државјани во странство за учество во пописот секојдневно расте.
„За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика им стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ: Демографија не се подобрува со кампањи, туку со квалитетен животен стандард и јасна перспектива за младите

„Наместо да создава услови младите да останат тука и да формираат семејства, Мицкоски ги брка од државата со зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста, без да понуди каква било јасна перспектива за државата. Денес, младиот човек во Македонија е оставен без иднина. Стандардот е уништен. Платите се недоволни, а Мицкоски се заканува со нови даноци. Со вакви политики, за кратко време, тој ќе ги избрка сите од државата“, велат од СДСМ.
„Наместо да понуди современа, хумана и искрена поддршка за младите семејства, тој вели дека ќе ги едуцирал за „семејните вредности“. Демографијата не се решава со кампањи за „семејни вредности“, туку со стабилни и добро платени работни места, достапно и квалитетно здравство и сигурна социјална заштита.
Младите не бегаат затоа што не сакаат да создадат семејство, туку затоа што не можат да си го дозволат. Тоа е директен резултат на промашените и класично десничарски политики на оваа влада. Стандардот е намален за 20%, се богати само елитата околу Мицкоски, а за останатите граѓани нема никаква корист од владините политики.
Ако навистина сакаше да се раѓаат деца во Македонија, ќе се грижеше најпрво нивните родители да бидат сигурни и да ја гледаат својата иднина тука. Таква политика од Мицкоски нема“, соопшти СДСМ.