Македонија
Државниот архив одбележува 70 години постоење

Оваа година Државниот архив одбележува 70 години постоење oткако во 1951 година Народното собрание на НР Македонија го усвоило Законот за државните архиви со кој било поставено создавањето на тогашниот Државен архив на НР Македонија.
Од Државниот архив велат дека оваа институција се развила во еден од столбовите на македонската државност и ризница на колективната меморија.
„Денес Државниот архив се стреми да биде современа институција која го промовира културно-историското наследство на државата во меѓународни рамки, истовремено настојува да го фати чекорот на глобалната модернизација во функционирањето на светските архиви“, се наведува во соопштението.
Свечената академија по повод годишнината од основањето, ќе се одржи на 1 април годинава во 12 часот, во НУ „Музеј на македонската борба“.
На настанот свое обраќање ќе имаат покровителот на јубилејот, премиерот Зоран Заев, како и директорот на Државниот архив, Емил Крстески, а присутните ќе може да се запознаат со изложба и со три нови изданија, кои треба да го прикажат историјатот на Архивот и документарното богатство што го поседува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борбата против миграцијата во фокусот на посетата на државниот секретар на словенечкото МВР

Во рамки на унапредување на меѓународната билатерална соработка, државната секретарка на МВР, Магдалена Несторовска, беше домаќин на државниот секретар на словенечкото МВР, Франц Канглер, при што беше остварена средба и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Државните секретари, во рамките на работниот состанок разговарале во насока на успешно справување со миграциската криза, борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, како и потребата од склучување на засебен Протокол за соработка на Комисиите во областа на трговијата со луѓе.
Исто така се разговарало и за потребата од соработка во областа на заедничките обуки меѓу државите и размена на искуства во областа на воздухопловството.
Од страна на словенечкиот државен скретар биле презентирани приоритетите на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ, активностите кои произлегуваат во рамките на Брдо Процесот, како и апсолутната словенечка поддршка за Република Северна Македонија кон полноправното членство во ЕУ.
Министерот Спасовски пред словенечкиот гостин ја образложил и потребата за склучување Имплементациски договор на основа на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа, за воспоставување заеднички контакт-центри за размена на информации, кои играат важна улога за зајакнување на прекуграничната соработка и придонесуваат кон борбата против прекуграничниот криминал и тероризам.
Канглер во придружба со директорот на Бирото за јавна безбедност на МВР, Сашо Тасевски, го посетил и граничниот премин „Богородица“ во Гевгелија, како и групата на словенечки полицајци кои вршат заеднички операции за надзор и контрола на јужната граница, со цел спречување на илегалната миграција.
Македонија
Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор. На поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, судот му одреди домашен притвор.
Двете мерки се по предлог на обвинителот Трајче Пеливанов, кој го застапува предметот „Трезор“.
„Судот донесе решение – на Сашо Мијалков му се одредува мерка притвор до правосилноста на пресудата, односно до почнување со издржување на казната затвор“, рече судијката Џенета Бектовиќ.
Со одредениот притвор Сашо Мијалков нема да излезе од затворот во Шуто Оризари за две недели, што требаше да се случи, бидејќи претходната мерка му траеше до 27 април.
„Со околноста дека Сашо Мијалков е моќен човек несомнено се јавува потребата од определување мерка за обезбедување негово присуство, а со оглед на тоа што за овој обвинет во ‘Таргет-Тврдина’ има мерка ефективен притвор, која може да трае до правосилноста на оваа пресуда, односно најдоцна до 27 април, предлагаме по објавувањето на денешната пресуда за обвинетиот Сашо Мијалков, а поради постоење опасност од бегство, да се определи мерка притвор во овој предмет, а притворот во предметот ‘Таргет-Тврдина’ да биде укинат. Причините за ваквиот предлог на Обвинителството се делумно идентични како што се произнесовме во другиот предмет, а тоа е дека се потврдени податоците оти Сашо Мијалков има дозвола за престој и адреса во Прага, но и дека поседува две возила, кои се регистрирани на негово име. Во однос на овој наш предлог би сакал накусо да дополнам дека судот треба да го цени и фактот што и претходно беше изнесен дека обвинетиот Сашо Мијалков е лице што добро е ситуирано, дека тој и неговите членови на семејството поседуваат приватни бизниси, што создава финансиска можност за организирање логистика и комотно живеење во бегство“, рече Трајче Пеливанов.
Според адвокатите на Мијалков, барањето за ефективен притвор за предметот „Трезор“ е без поткрепа и докази.
Тие тврдат дека бизнисите што Мијалков ги има во земјата се причина тој да остане во државава, а не да бега.
„Пред апелација овој предмет ќе заврши со ослободителна пресуда, убедни во сопственото знаење и недокажување на она што беше од судот образложено, со фрагментирање делови што не се предмет на обвинението, со што сметам дека јавноста е доведена во заблуда, се поставува логично прашање кој ќе ја сноси одговорноста кога се предлага притвор, а кога за овој предмет одбраната е цврсто убедена дека нема ниту еден релевантен доказ што оди во прилог на обвинението. Одбраната смета и тврди дека тезата на Обвинителството е погрешна и оди во прилог на тврдењето дека Мијалков, кој има повеќе бизниси во државата, нема да се даде во бегство, туку тоа е причина повеќе да остане тука“, рече адвокатот Љупчо Шврговски.
Предлог за притвор обвинителот Пеливанов даде и за поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.
„Имајќи ја предвид казната затвор од пет години, цениме дека определените мерки на претпазливост, односно одземањето на патната исправа, не се доволни за обезбедување присуство. Од тие причини постои реална опасност од бегство и за овој обвинет имајќи ја предвид казната затвор, па поради тоа предлагаме мерка притвор“, рече Пеливанов.
Бранителот Александар Новаковски, кој го застапува поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, смета дека не треба да му се одреди притвор на лицето.
„Обвинителството не наведе доказ и причина, а предложи притвор. Се работи за обвинетиот кој се води само оваа постапка. Судот има точна евиденција дека не е осудуван ниту за сообраќаен прекршок и не гледам ниту една причина за да се предложи ваква мерка, за која сум изненаден. Судскиот совет, ако го прифати овој предлог, грубо ќе се прекрши законот. Се работи за фамилијарен човек, татко на две деца“, рече адвокатот Александар Новаковски.
Обвинетите Горан Грујевски и Тони Јакимовски веќе имаат мерка притвор.
Македонија
Притворот на Мијалков истекува за две недели, Обвинителството бара нов поради опасност од бегство

Бидејќи притворот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кој му е одреден во предметот „Таргет-Тврдина“, истекува за две недели, а според Обвинителството постои можност да избега, обвинителот Трајче Пеливанов побара да му се одреди притвор во предметот „Трезор“, каде што денеска е осуден на осум години затвор. Притвор е побаран и за поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, кој досега имаше мерка на претпазливост – одземање патна исправа.
„Поради околноста дека Сашо Мијалков е моќен човек, несомнено се јавува потребата од определување мерка за обезбедување негово присуство, а со оглед на тоа што за овој обвинет во ‘Таргет-Тврдина’ има мерка ефективен притвор, која може да трае до правосилноста на оваа пресуда, односно најдоцна до 27 април, предлагаме по објавувањето на денешната пресуда за обвинетиот Сашо Мијалков, а поради постоење опасност од бегство, да се определи мерка притвор во овој предмет, а притворот во предметот ‘Таргет-Тврдина’ да биде укинат. Причините за ваквиот предлог на Обвинителството е делумно идентичен како што се произнесовме во другиот предмет, а тоа е дека се потврдени податоците оти Сашо Мијалков има дозвола за престој и адреса во Прага, но и дека поседува две возила, кои се регистрирани на негово име. Во однос на овој наш предлог би сакал накусо да дополнам дека судот треба да го цени и фактот што и претходно беше изнесен дека обвинетиот Сашо Мијалков е лице што добро е ситуирано, дека тој и неговите членови на семејството поседуваат приватни бизниси, што создава финансиска можност за организирање логистика и комотно живеење во бегство“, рече Трајче Пеливанов.
Според адвокатите на Мијалков, барањето за ефективен притвор за предметот „Трезор“ е без поткрепа и докази. Тие тврдат дека бизнисите што Мијалков ги има во земјата се причина тој да остане во државата, а не да бега.
„Пред апелација овој предмет ќе заврши со ослободителна пресуда, убедни во сопственото знаење и недокажување на она што беше од судот образложено, со фрагментирање делови што не се предмет на обвинението, со што сметам дека јавноста е доведена во заблуда, се поставува логично прашање кој ќе ја сноси одговорноста кога се предлага притвор, а кога за овој предмет одбраната е цврсто убедена дека нема ниту еден релевантен доказ што оди во прилог на обвинението. Одбраната смета и тврди дека тезата на Обвинителството е погрешна и оди во прилог на тврдењето дека Мијалков, кој има повеќе бизниси во државата, нема да се даде во бегство, туку тоа е причина повеќе да остане тука“, рече адвокатот Љупчо Шврговски.
Предлог за притвор обвинителот Пеливанов даде и за поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.
„Имајќи ја превид казната затвор од пет години, цениме дека определените мерки на претпазливост, односно одземањето на патната исправа, не се доволни за обезбедување присуство. Од тие причини постои реална опасност од бегство и за овој обвинет имајќи ја предвид казната затвор, па поради тоа предлагаме мерка притвор“, рече Пеливанов.
Бранителот Александар Новаковски, кој го застапува поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, смета дека не треба да му се одреди притвор на лицето.
„Обвинителството не наведе доказ и причина, а предложи притвор. Се работи за обвинетиот за кој се води само оваа постапка. Судот има точна евиденција дека не е осудуван ниту за сообраќаен прекршок и не гледам ниту една причина за да се предложи ваква мерка, за која сум изненаден. Судскиот совет, ако го прифати овој предлог, грубо ќе се прекрши законот. Се работи за фамилијарен човек, татко на две деца“, рече адвокатот Новаковски.
Обвинетите Горан Грујевски и Тони Јакимовски веќе имаат мерка притвор.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш