Македонија
ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во Армијата
„Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост за систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата во Северна Македонија. Албанците во Армијата се исклучени и ограничени од донесувањето важни одлуки и пристапот до стратешки позиции. Маргинализацијата на Албанците не запира само со исклучувањето од раководните позиции, туку се проширува и во системот на военото образование“, велат од ДУИ.
„Загрижувачки е што наместо да помогнат во решавањето на овој проблем, избраниците на ВМРО-ДПМНЕ кои играат улога на „албански претставници“ само ја легитимираат оваа неправда.
Овие политичари се неспособни и без храброст да го кренат својот глас против оваа отворена дискриминација, станувајќи соучесници во маргинализацијата на Албанците.
Во меѓувреме, македонскиот дел од општеството продолжува да молчи за оваа неправда, игнорирајќи ги загриженостите на Албанците и не разбирајќи дека дискриминацијата на еден народ не е само етнички проблем, туку и криза на самата држава.
Овој постојан молк само ги продлабочува поделбите и создава тензии кои ја оштетуваат иднината на соживотот во земјата.
ДУИ им упатува апел на сите да ги слушнат легитимните загрижености на претставниците на Албанците.
Албанците не можат да бидат третирани како граѓани од втор ред во нашата заедничка мултиетничка држава.
ДУИ останува посветена на еднаквоста на народите во нашата заедничка држава и на обезбедувањето правично и достојно претставување во сите области, вклучувајќи ја и армијата.
Апелираме на итна реакција од сите институции и целото општество за да се стави крај на оваа дискриминација која ја загрозува заедничката иднина на нашата земја“, се наведува во соопштението на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

