Контакт

Македонија

ДУИ демантира дека има врска со пукањето во Мала Речица

Објавено пред

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во соопштение до медиумите ги демантира информациите дека во нејзиното седиште во Мала Речица имало пресметка или инцидент.

„Демократската унија за интеграција и денес, како и секој друг ден, продолжува со своите вообичаени активнопсти. Ја демантираме секоја информција во врска со тоа дека денес во ДУИ имало пресметка или инцидент. Ние како политички субјект немаме и не може да имаме одговорност за инцидентетите што немаат врска со Демократката унија за интеграција и за неа“, се вели во соопштението на ДУИ.

Македонија

Отворен нов центар за аутистични деца во Општата болница во Охрид

Објавено пред

Во Општата болница во Охрид денеска беше отворен Центарот за рани интервенции и третман кај деца со нарушување од аутистичен спектар. Овој центар се отвора со поддршка од бугарската амбасада и „Во мојот свет“.

„Станува збор за центар од регионален карактер, кој ќе опфати деца од поширокиот регион: Охрид, Кичево, Струга, Дебар и Ресен. Предвидено е да се опфатат околу 120 деца на возраст од 2 до 8 години со што значително се олеснува пристапот до овој вид услуги за овие дечиња. Во моментот се финализира постапката околу ангажирање на кадарот и веќе на почеток на јануари Центарот почнува со работа. Кадарот се состои од врвни стручни лица за третман на овие лица, како што се: детски невропсихијатар, логопеди и дефектолози, а паралелно ќе се спроведува и едукација на семејствата, со цел унапредување на сеопфатната грижа кон лицата со аутизам“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Министерот изрази благодарност до Амбасадата на Република Бугарија за поддршката и соработката во реализацијата на проектот, како и до Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, кое е посветено на унапредување на третманот на лицата со аутизам во сите сфери на општественото живеење.

„Министерството за здравство во соработка со Министерството за труд во континуитет работи на изнаоѓање решенија за одржливост на овие услуги и очекуваме дека ваквите центри ќе бидат пример и ќе отворат можности за отворање слични центри за лицата со попреченост, за полесен пристап до услугите кои им се потребни“, посочи министерот Филипче.

Освен третманите на лицата со аутизам ќе се спроведува и едукација на семејствата, со цел подобра грижа кон лицата со аутизам.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поповски: Владата е прва во регионот којашто има стратешки план за борба против лажните вести

Објавено пред

Сајбер и хибридните закани, пропагандата, дезинформациите и лажните вести се глобален проблем и имаат потенцијал да го поларизираат јавното мислење, да промовираат насилен екстремизам и говор на омраза, истакна министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на 4. Регионална конференција за координирана превенција од безбедносни ризици во Југоисточна Европа, денеска во Трст, Италија.

„Во таа насока е апсолутно важно да се има стратегија и акциски мерки за кибербезбедност. Тие треба да обезбедат сигурно, безбедно и доверливо дигитално опкружување, поддржано од квалитетни капацитети, кои се базираат на доверба и соработка во полето на кибербезбедноста – потенцираше Поповски.“

Министерот посочи дека нашата земја во изминатите две години во повеќе наврати се соочи со киберзакани и со значително ширење на дезинформации и го презентираше последниот детектиран хибриден напад врз премиерот Зоран Заев, од страна на хибридни центри за манипулација преку злоупотреба на идентитетот на Грета Тунберг.

„Ваквите хибридни Deep Fake напади врз демократските влади имаат цел да ги затворат и уплашат отворените општества. Тие се закана за транспарентните влади. Но, Владата на Република Северна Македонија нема да престане да биде отворена и транспарента во комуникацијата. Напротив, ние ќе ја зголемиме активната транспарентност на сите владини институции’’ – истакна министерот.

Понатаму во своето обраќање Поповски говореше за владиниот предлог-план за борба против дезинформациите и нападите врз демократијата.

„Како одговор на овие киберзакани и согласно заложбите за отвореност, отчетност и транспарентност, Владата на Република Северна Македонија е прва влада во регионот, вклучувајќи ги Бугарија и Грција, којашто има стратешки план за борба против лажните вести. Нашата цел е да ги зајакнеме националната безбедност и сигурноста на граѓаните и да ја браниме и унапредуваме демократијата“.

Во завршницата на воведното обраќање министерот потсети дека во јули оваа година на Глобалната конференција за слобода на медиумите во Лондон, Република Северна Македонија стана потписник на Глобалната заложба за слобода на медиумите, со којашто над 100 земји потписнички формираа Коалиција за поддршка на слободата на медиумите и се обврзаа да дејствуваат заедно за заштита на слободата на медиумите и новинарската професија.

„Пред нас е голем предизвик. Јас сум сигурен дека со заедничка соработка и со организиран фронт за борба против киберзаканите и лажните вести, ќе најдеме начин да ги заштитиме граѓаните и од ова зло ‘’– додаде министерот Поповски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Отстранети 322 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Објавено пред

Во текот на изминатата недела (28.11 – 04.12.2019 година) со специјалните возила „пајак“ се подигнати 322 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 277 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 431 возилo, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 45 возила се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС-порака или со греб-картичка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура2 часа

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион3 часа

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет3 часа

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија3 часа

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет3 часа

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Спорт4 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа4 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет4 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет4 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион5 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија15 часа

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија18 часа

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија19 часа

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија21 час

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Европа22 часа

(Видео) Трамп се налути поради озборувањето, го нарече Трудо дволичен и го напушти НАТО-самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа,  за...

Македонија22 часа

Уставните судии не ја прифатија иницијативата на Чавков за амнестијата

Со шест наспрема три, уставните судии одлучија да не ја прифатат иницијативата на екссиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој го...

Македонија23 часа

(Видео) Вилма Русковска: Не очекував повисока казна

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели дека е задоволна од пресудата за Зоран Милески –...

Македонија1 ден

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и...

Досие