Македонија
ДУИ: Екстремно деградирање се случува во безбедносната и одбранбената сфера со ВРЕДИ како губитник во Владата

Враќањето на меѓуетничките инциденти и меѓуетничкитепровокации, зголемувањето на вооружените инциденти, деградирањето и запоставувањето на албанските кадри, нивната замена со кадри на ВМРО-ДПМНЕ, се меѓумногуте случаи кои ја одразуваат работата на безбедноснитеинституции во овие четири месеци – лошо владеење намоноетничката влада, објави Демократската Унија за Интеграција на прес-конференција.
„Во овој период во Министерството за внатрешни работи се случи етничко чистење и деградација на албанскиот кадар, како што беше случајот со раководителот за истражување воМВР, помошникот министер за административни работи, помошникот директор во Секторот за униформиранаполиција, началникот за меѓународни истраги (Интерпол), началникот во Секторот за внатрешни работи во Струга, началникот во единицата за трговија со оружје, командиротво Полициска станица во Гостивар, командирот воПолициска станица Битпазар во Скопје , како и значителенброј на високи инспектори во секторот за организиранкриминал и криминалистичка полиција.
. Треба да сеспомене и деградирањето на граничните полицајци вослучајот со Африм Гаши и случајот со Претседателката наРепублика Косово, Вјоса Османи во скопскиот аеродром, одкаде без нивна вина како резултат на овој националисчки пристап, албанските полицајци трпеа казни, деградирања, разрешувања и најлошото со постапки за кривично гонење, за нешто што тие воопшто не се дел од вината илиодговорноста, туку едноставно се жртви на системот штооваа власт без етнички легитимитет се обидува да гоизгради за покажување на сила и ширење на страв кајалбанските граѓани.
Во овој период постојано се врши притисок врз вработенитеда потпишат изјави дека доброволно се откажуваат одработното место, главно тие на раководни позиции, и тоа со цел да не продолжат со управни и судски постапки.
Овие лоши потези што ги презеде оваа моноетничка власт, не штеди ниту една институција, дури и оние каде што себараат стандарди и правила како локални така и меѓународни, да бидат водени од неполитички и струченкадар. Дека е така, докажува и последното назначување штоја направи Владата, со назначувањето за прв човек наАгенцијата за национална безбедност, кадарот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски, кој во февруари 2023 годинабеше назначен за претседател на комитетот на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје. Овој избор отвора многу дилеми, каде со право може да се посомневаме дека намерата е безбедносните институции да се претворат во партискиштабови.
Во одбраната ситуацијата воопшто не е различна. И тамуалбанските кадри се деградирани, како што беше случајот,кога претседателката Силјановска за шеф на генерал штаботназначи кадар кој не ги исполнува потребните услови за дабиде на оваа функција.
Правична и соодветна застапеност, во сите ешалони наМинистерството за одбрана, како во администрацијата, униформата, воената дипломатија, мировните мисии востранство и воената академија, сè е стагнирано и албанскитекадри се занемарливи и речиси премолчени во тааМинистерство. Единствениот глас во тоа Министерство е гласот на Министерот, додека заменик министерката е само марионета, исто како и сите други министри и заменици министри од коалицијата ВРЕДИ во оваа Влада.
Дурии во другите курсеви и огласи на Министерството заодбрана и Армијата, се занемаруваат Албанците и другитепомали етнички заедници.
Сите овие случаи се случуваат затоа што Албанците вовласта се претставени од субјекти без легитимитет и какорезултат на тоа немат никаква сила и моќ да ги преставуваат и одлучуваат за Албанците. Овој факт, воопшто не гиослободува од одговорност, бидејќи свесно ја прифатијаулогата на марионети во владата без етнички легитимитет“, истакнаа од ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.