Македонија
Евроамбасадорот Жбогар на проштална средба кај Џафери
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска оствари проштална средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската унија, Самуел Жбогар.
„Претседателот Џафери се заблагодари за досегашната соработка со Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија и лично на амбасадорот Жбогар за неговиот придонес во процесите кои имаа позитивна пресвртница во евроатланскиот пат на земјата и му посака успех во неговите идни професионални ангажмани. Тој го потенцираше значењето на динамичната соработка со институциите на Европската унија, особено Европската комисија и Европскиот парламент како долгогодишни поддржувачи на нашите интеграциски процеси. Претседателот Џафери го поздрави дијалогот Жан Моне како успешна алатка за унапредување на политичкиот дијалог во Собранието и изрази надеж дека Собранието активно ќе ги поддржи преговорите за членство на земјата во Европската унија“, соопштија од Собранието.
Амбасадорот Жбогар му го честитал повторниот избор за претседател на Собранието и ја искажал својата благодарност за соработката во изминатите четири години, посветеноста на претседателот Џафери за спроведување на европската агенда, водењето на политичкиот дијалог со сите парламентарни партии и неговата улога како претседател на сите пратеници во Собранието.
Тој изразил надеж дека во следните недели ќе се утврди преговарачката рамка со цел одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината.
„Собранието ќе има улога во оваа нова фаза од процесот и затоа е од исклучителна важност сите политички партии активно да учествуваат во однос на ЕУ прашањата. Она што е од посебен интерес и значење во следниот период е донесувањето на Законот за анти-дискриминација, изборот на членови во Советот за граѓански надзор и обезбедувањето на услови за негово соодветно функционирање“, истакна Жбогар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

