Македонија
Единствена Македонија: ВМРО-ДПМНЕ се враќа во Собранието каде што заедно со СДСМ ќе носат закони погубни за земјата
Од партијата Единствена Македонија денеска преку соопштение објавија дека располагаaт со сознанија оти ВМРО-ДПМНЕ в недела ќе донесе одлука да се врати во Собранието со што, како што велат, се реализира непристојниот пазар – укинување на притворот за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат враќање на опозициската партија во Собранието.
Според Единствена Македонија, целта е ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно да ги донесат законите за разнебитување на Македонија.
„СДСМ два дена преку соопштенија зборува дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ бил во толпа на денот кога биле нападнати пратеници и новинари со што имплицира улога на Мицкоски во настаните од 27 април, а од друга страна го штити Мицкоски во услови кога за истата правна и фактичка ситуација власта на СДСМ врши политички прогон на уставобранителите кои и понатаму се наоѓаат во занданите на Истражниот затвор ‘Шуто Оризари’“, велат од партијата.
Оттаму додаваат дека Зоран Заев и Христијан Мицкоски се всушност копретседатели на иста партија која ја нарекуваат „Погреб за Македонија“ и според нив е составена од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

