Македонија
Единствена Македонија: ,,Кодошот Влахов-Мицов беше само лоша епизода за партијата”
Централниот комитет на Единствена Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата меѓу два конгреса, денеска на редовната седница во Скопје во проширен состав со претседателите на сите 62 општински комитети разгледа и донесе едногласни одлуки на Централниот комитетодлуки за повеќе прашања од својата надлежност.
Централниот комитет на Единствена Македонија го усвои Извештајот на Кризниот штаб против референдумот „Македонија – Бојкотира„ кој пред членовите на ЦК го презентираше Драган Угриновски член на Извршниот комитет на Единствена Македонија и координатор на Кризниот штаб „Македонија-Бојкотира”.
,,Исто така, Централниот комитет силно ја поздрави големата референдумска победа на Кризниот штаб „Македонија – Бојкотира“, македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија против марионетската власт во Скопје.
Централниот комитет на Единствена Македонија едногласно го усвои предлогот на Извршниот комитет за исклучување на досегашниот заменик претседател Стефан Влахов Мицов поради дејствување на начин кој не одговара на неговиот политички статус во партијата што подразбира негова соработка со македонската тајна служба за растурање на партијата, смислено растурање на договорот за заедничко референдумско настапување со Глас за Македонија, Трета македонска партија и Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, прикривање и присвојување на парични средства од Австралија кои биле пуштени на негова сметка за целите на референдумската кампања, оцрнување на идејата за сојуз со Русија која народот почна масовно да ја прифаќа во смисла на нашата определба како партија да прикажеме еден нов светски модел, дека светот не завршува во Брисел и Вашингтон, дека има други алтернативи и дека има сојузи во светот кои не бараат промена на името и идентитетот и сето тоа народот постепено да го осознава и апсолвира оти факт е дека ние живееме 27 години во една брутална пропаганда за НАТО и ЕУ”, соопшти партијата.
,,Наместо ова, Влахов-Мицов на средбите по комитетите и со граѓаните смислено даваше манипулативни очекувања дека набргу ќе дојдат руските тенкови и авиони кои биле во Србија, ќе дојдат многу пари од Русија, ќе дојдат околу 10.000 илјади доброволци од Русија кои биле на боиштата во Украина и ќе прават преврат и слични небулози, се залагаше партијата да не ги подржува и да не излегува на протестите пред Собранието во месец јуни, да се чека до септември кога ќе започнала Третата светска војна, но, септември дојде и помина, се противеше партијата да нема секојдневни реакции со соопштенија и прес конференции на владините политики со што извршувал задача партијата да биде што помалку активна….
Притоа, Централниот комитет акламативно даде целосна подршка на политиките на Извршниот комитет и претседателот Бачев и ги овласти да го продолжат процесот кој го започна Единствена Македонија, решително, храбро и во интерес на народот”, се додава во соопштението.
Централниот комитет на НДМ изразува целосна подготвеност за учество на партијата на предвремени парламентарни избори во секое време кога и да се одржат. Во овој контекст беше донесена одлука за закупување на 17 нови општински канцеларии, со што, со постојните општински штабови на партијата се покрива речиси целата територија на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во наредните денови дожд, на планините снег – температурите растат
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека максималните ќе достигнат од 6 до 11 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини и од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во среда повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
Промената во светот бара промена во образованието, гледање на реалноста низ очите на новите генерации, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Светскиот самит на лауреати, што денеска се одржува во Дубаи, во пресрет на Светскиот самит на владите.
На еминентниот собир, на којшто учествуваат околу 150 врвни научници, вклучувајќи Нобеловци и лидери на истражувачки институции од целиот свет, Сиљановска-Давкова посочи дека во време на подем на вештачката интелигенција, образованието повеќе не е еднонасочна улица на пренесување и помнење на факти и посочи на потребата фокусот на образованието да се префрли на критичко и креативно размислување.
„Вештачката интелигенција е дел од новиот модел на образование. Таа не може и не треба да биде забранета. Сепак, тоа треба да се регулира, бидејќи носи бројни ризици, меѓу коишто е зависноста“, рече претседателката.
Според неа, образованието мора да почне да се фокусира на менталната стабилност, емоционалната интелигенција и етичкото и моралното расудување, што ѝ недостасува на вештачката интелигенција.
„Ни треба глобален консензус дека вештачката интелигенција во образованието и во секојдневниот живот мора да биде транспарентна, фер и водена од човекот. Вештачката интелигенција мора да биде алатка, а не господар“, рече Сиљановска-Давкова.
Претседателката смета дека промена на парадигмата е потребна и во македонскиот образовен систем.
„Верувам дека во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи. Имаме луѓе со одлични идеи. Имаме хемичари и физичари кои се меѓу првите 2% од најцитираните научници на глобално ниво. Имаме жени во STEM кои ги надминуваат регионалните и европските нивоа. Имаме талент и потенцијал, но не можеме да го направиме тоа сами. Ни треба вашата поддршка, идеи, а најважно од сè, вашиот совет. Македонската академија на науките и уметностите, нашите универзитети и факултети се отворени за соработка во истражувачки и развојни проекти од коишто сите би можеле да имаме корист“, рече претседателката на самитот.
Македонија
„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин
Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче веле.
Станува збор за проект во кој американски научници поврзани со Универзитетот „Колумбија“ создале голема банка од човечки мозоци наменета за истражување на самоубиства, шизофренија и други психијатриски нарушувања. Во документите се споменува и Македонија како една од земјите што придонеле со примероци.
Поранешниот директор на Институтот за судска медицина во Скопје, професорот Алексеј Дума, за ДВ објаснува дека Македонија учествувала со ограничен број примероци и дека сè било спроведено според закон, а секој примерок морал да има одобрение од македонскиот и американскиот Етички комитет.
„Примероците најлегално патуваа со авион, поминуваа царина и за нив имаше целосна документација. Без дозвола — примерок не можеше да влезе во САД“, вели Дума и ја отфрла можоста за профит од целата постапка.
Тој појаснува дека од Македонија биле испраќани околу 10 до 15 примероци годишно, и дека бројката од околу 1.000 мозоци се однесува на целата меѓународна колекција, а не на македонските примероци.
Проектот, според Дума, донел значајни научни резултати, нови сознанија за поврзаноста меѓу шизофренијата и самоубиствата, како и опрема, лаборатории и можности за докторски студии за македонски научници.

