Македонија
Единствена Македонија: Марионетите Заев и Мицковски нема да го обезличат македонскиот народ
Копретседателите Зоран Заев и Христијан Мицковски од партијата „Погреб за Македонија“ денеска на т.н. лидерска средба во нов очајнички обид за вознемирување на македонскиот народ дека ќе дојде до промена на името и идентитетот. Единствена Македонија го повикува македонскиот народ да остане спокоен, бидејќи целта на Мицковски и Заев е по секоја цена да одработат за своите странски ментори од кои се купени и корумпирани за промена на македонското име и идентитетот, но во тоа нема да успеат, се вели во соопштението на Единствена Македонија.
Според нив, Република Македонија до месец јули ниту ќе го промени името, ниту ќе стане членка на НАТО, со што, оваа стратешка цел на Единствена Македонија која ја дефиниравме во јануари годинава и на која ги фокусиравме досегашните наши видливи и помалку видливи активности, е целосно остварена.
„Единствена Македонија останува на првата линија во одбрана на националните и државните интереси.
За таа цел, Единствена Македонија не се бори против Заев и Мицковски од партијата „Погреб за Македонија“, туку се бори против системот за обезличување на македонскиот народ кој СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите странски ментори го инсталираа во изминатите 27 години. Не се политички противници на Единствена Македoнија, Зоран Заев и Христијан Мицковски, оние се само марионети во рацете на странски ментори, наш политички противник е погубната НАТО и ЕУ идеологија која ја уништува Македонија и македонскиот народ“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

