Македонија
Единствена Македонија: По секоја цена ќе ја спроведеме намерата на народот за стратешки сојуз со Русија

Марионетската власт во Македонија и нивните странски газди мора да се во паника штом започнаа да го плашат народот со војна доколку Македонија не стане членка на геноцидно-фашистичките организации, НАТО и ЕУ, порачаа од Единствена Македонија.
„Престедателот на Европската комисија на ЕУ, Жан Клод Јункер, и екс претседателот на Европскиот совет на ЕУ, Херман Ван Ромпој во одделни инетрвјуа рекоа дека е можна војна и во Македонија доколку не стане членка на ЕУ.
Пред два дена Радмила Шеќеринска на брифинг со новинарите рече дека доколку до јуни не се најде решение за името и влез на Македонија во НАТО, ќе се смени ситуацијата на теренот, алудирајќи на масовното определување на народот за Русија и Евроазиската економска унија.
Претходно на 4 април, на прославата на 69. роденден на НАТО на Плоштадот во Скопје, на дебатата, Шеќеринска, Џес Бејли и другите дискутанти за првпат кажаа дека Македонија освен членство во НАТО има и други алтернативи, но тие биле многу лоши.
Лагите на марионетската власт во Македонија и нивните странски газди повеќе не поминуваат кај народот. Затоа народот масовно на секојдневните теренски средби со Единствена Македонија одлучно кажува „НЕ„ за НАТО и ЕУ и бара сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“ додаваат од партијата.
Од таму уверуваат дека Единствена Македонија по секоја цена ќе ја спроведе јасно изразената намера на народот за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Еврооазиската економска унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Сарај и Илинден денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 13:00 часот, дел од корисниците од село Кондово, општина Сарај;
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. 534 и ул. 531 во село Марино, општина Илинден.
Македонија
На Табановце се чека до половина час за влез во државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ: Демографија не се подобрува со кампањи, туку со квалитетен животен стандард и јасна перспектива за младите

„Наместо да создава услови младите да останат тука и да формираат семејства, Мицкоски ги брка од државата со зголемување на сиромаштијата и нееднаквоста, без да понуди каква било јасна перспектива за државата. Денес, младиот човек во Македонија е оставен без иднина. Стандардот е уништен. Платите се недоволни, а Мицкоски се заканува со нови даноци. Со вакви политики, за кратко време, тој ќе ги избрка сите од државата“, велат од СДСМ.
„Наместо да понуди современа, хумана и искрена поддршка за младите семејства, тој вели дека ќе ги едуцирал за „семејните вредности“. Демографијата не се решава со кампањи за „семејни вредности“, туку со стабилни и добро платени работни места, достапно и квалитетно здравство и сигурна социјална заштита.
Младите не бегаат затоа што не сакаат да создадат семејство, туку затоа што не можат да си го дозволат. Тоа е директен резултат на промашените и класично десничарски политики на оваа влада. Стандардот е намален за 20%, се богати само елитата околу Мицкоски, а за останатите граѓани нема никаква корист од владините политики.
Ако навистина сакаше да се раѓаат деца во Македонија, ќе се грижеше најпрво нивните родители да бидат сигурни и да ја гледаат својата иднина тука. Таква политика од Мицкоски нема“, соопшти СДСМ.