Контакт

Македонија

Единствена Македонија се залага за поништување на договорот со Грција и спроведување попис

Објавено пред

„Единствена Македонија“ и коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ остварија средби избирачите на оптините Карпош и Центар.  Од партијата истакнаа дека нема да отстапат од заветувањето за десетте стратешки определби од платформата, кои се нивниот план и визија за Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Сега е најбитно да си ја вратиме државата назад, а потоа лесно се решаваат реалните проблеми на народот“, велат од коалицијата и додаваат дека во Медонија во изминатите 30 години се украдени околу 15 илјади евра.

Во програмата, Единствена Македонија предвидува „ревизија и одземање на украденото во приватизацијата на СДСМ и постприватизацијата на ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт во изминатите 30 години“.

„На 15 јули ќе завршиме со предавствата и бандитизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои 30 години се менуваат на власт, а на државата не ѝ оди добро.
Главата горе Македонци, ова е наша држава. Ние одлучуваме. На 15 јули гласајте за Единствена Македонија и коалицијата ‘Никогас северна, само Македонија’ и бројот 11 за да си ја вратиме државата назад и да ја направиме Македонија со убав економски стандард за живеење, истакна во своето обраќање Билјана Џинго.

Од партијата обвинуваат дека е воведена досега невидена цензура со усвојувањето на уредбата со законска сила со којашто е предвидено на час емитувана програма телевизиите да ги емитуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по 6 минути, а нив само по 10-тина секунди. Од тука, како што велат, принудени се на терен, очи в очи со народот да ги кажат нивните определби.

Партијата се залага за поништување на, како што велат, антимакедонските договори, бараат да се спроведе попис и да се анулира лажниот попис од 2002 година, со кој, како што тврдат, Албанците биле лажно прикажани дека се 25,27 %.

„Ова што го слушате од Заев од Пендаровски, дека договорот со Грција е завршена работа, тоа заборавете го. Тоа е една голема лага, бидејќи договорот е ништовен. Потребно е сега да дојде една храбра, народна влада на власт со желба, со волја, со храброст да го поништи тој договор. Исто така, предвидуваме во нашиот економски пакет 1.066 економски мерки со кои ќе ги решиме економските проблеми на народот“, велат од Единствена Македонија.

Додаваат дека тие би коалицирале со секој кој ќе ги прифати нивните 10 стратешки определби.

„Во нив јасно е кажано поништување на антимакедонските договори со Бугарија, Грција. Македонија национална држава на македонскиот народ, со службен јазик македонскиот и неговото кирилско писмо. Поништување на пописот од 2002 и спроведување реален попис. Ние мора да се преброиме, мора да ја кажеме реална бројка, бидејќи  пописот од 2002 беше фалсификуван. Ние како Единствена Македонија уште во 2009 имаме поднесено кривична пријава со докази во ЈО дека тој попис е фалсификуван. Во 2015 или 2016 предметот го префрливме во СЈО , меѓутоа и Катица Јанева молчеше, го стави во фиока така што не мора   да ги спроведеме овие стратешки орпеделби и мора најпосле да се направи ревизија изземање на украденото во криминалната приватизација, бидејќи 1990 година се спроведе една криминална приватизација, се подели целото богатство кое 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот. За времето на ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2016, во таа постприватизација тие ја украдоа другата половина од Македонија. Тоа се две банди на кои  народот мора да им порача да си заминат од политичката сцена“, додаваат од партијата.

Понатаму, велат дека најновите аудиобомби ги потврдуваат дволичноста, лицемерието и егоизмот на лидерите на овие политички партии. Според нив, жално е што новиот Закон за Јавно обвинителство овие аудиобомби ќе ги третира како индиции, а не како докази. Велат, да имавме нормална демократска и правна држава учесниците во овие аудиобомби одамна ќе беа сместени во казнено-поправните установи во РМ. Го повикуваат јавниот обвинител по службена должност, врз основа на индициите да отвори претходна истражна постапка за сторени кривични дела по член 358а и 359 од казнениот Закон од РМ. Тоа е давање и примање награда за противзаконито влијание.

„Во првите 30 дена ќе направиме конфискација на системите за преслушкување кои се во сопственост на политичките партии и бизнисмени и истите ќе добијат кривична одговорност а, секако, граѓаните ќе можат да побараат и материјална сатисфакција од сторителите на овие нелегални дејства. И на крајот, сакаме да напоменеме и да го повикаме техничкиот министер Чулев, којшто веќе пет дена молчи на прозивките од сегашниот актуелен директор на Агенцијата за разузнавање за тоа дека во негово време Агенцијата за разузнавање издавала невистинити податоци на Јавното обвинителство. Срамно и жално е да имате министер кој ќе се крие зад сето ова и кој нема да ѝ одговори на јавноста. Министер Наќе, Вие сте на потег да ѝ објасните на јавноста што се криело за случајот ‘Диво Насеље’ во кој загинаа 8-мина македонски полицајци“, истакна Јове Кекеновски.

Македонија

Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално

Објавено пред

Од

Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба

Објавено пред

Од

Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.

dobivaj vesti na viber

„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ

Објавено пред

Од

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

dobivaj vesti na viber

„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.

Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.

„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија11 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија13 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија14 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија14 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија14 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија15 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион16 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет17 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија17 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа18 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет18 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет18 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет19 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет19 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа19 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет2 дена

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...