Македонија
Единствена Македонија: Ја добивме битката за името на партијата
Единствена Македонија ја доби битката за името на партијата откако надлежен орган ја запиша партијата во регистарот на политички партии со назив: Единствена Македонија.
Народно движење за Македонија на седницата на Централниот комитет од 21 јануари годинава донесе одлука партијата да настапува со назив: Единствена Македонија. Меѓутоа, надлежните органи повеќе од три месеци го одбиваа барањето за упис на новиот назив Единствена Македонија, и притоа се бараше од името на партијата да се избрише зборот „Македонија“.
„Го охрабруваме македонскиот народ, како што го одбранивме името на партијата, ќе го одбраниме и името на државата бидејќи новата легална власт на Единствена Македонија има план преку четирите меѓународно правно-признати механизми кои ѝ стојат на располагање на Македонија, да го вратиме името – Република Македонија во Обединетите нации“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

