Македонија
Едукативен настан: Истражувањата покажуваат дека екстрактите од канабис имаат голем потенцијал во третманот на разни заболувања
Најновите трендови и резултати од истражувањата за употребата на канабисот во медицински цели беше тема на вчерашниот едукативен настан, која се одржа со наслов „Клиничката перспектива за медицинската употреба на масло од канабис (ЦБД/ТХЦ) во третман на болка“. Во рамките на настанот, домашни и странски експерти, покрај презентацијата на најновите истражувања, кои во повеќе земји се во напредна фаза, зборуваа и за досегашните клинички искуства од третманот на пациенти во разни медицински области.
Во рамките на едукативниот настан свое излагање имаше и доктор Силвиу Брил, директор на Институтот за третман на болка во Тел Авив во Израел. Д-р Брил е копретседател на работната група за медицина базирана на канабис и претседател на работната група за онколошка болка на Европската федерација за болка.
Едукативниот настан го отвори претседателот на Македонската ревматолошка асоцијација, м-р д-р Мимоза Николовска-Котевска, а е поддржан од „Реплек“ АД Скопје, прва компанија во земјата која почна со производство на препарати што содржат екстракти од канабис (ЦБД/ТХЦ). Доцент д-р Филип Гучев од Универзитетската клиника за ревматологија во рамките на своето стручно излагање се фокусира на клиничката употреба на екстракти од канабис во третманот на ревматолошките болести. За употребата на препарати со екстракти од канабис (ЦБД/ТХЦ) во третман на онколошките пациенти зборуваше д-р Милан Ристески, кој има долгогодишно искуство во клиничката онкологија, бил дел од истражување во областа, а има објавено и низа трудови за унапредување на онколошката нега.
„Реплек“ АД Скопје е пионер во производството на медицински препарати што содржат екстракти од канабис на домашниот пазар правејќи ги достапни и за македонските пациенти. Во своето портфолио компанијата има производи што содржат разни концентрации на ЦБД и ТХЦ, со што се овозможува поширока примена во третманот на разни здравствени состојби.
Во рамките на настанот експертите ги изложија најновите научни истражувања и резултати добиени во рамките на клиничката пракса при третман на хронична болка од разно потекло и улогата на производите што содржат екстракт од медицински канабис (ЦБД и ТХЦ). Канабиноидите, активните соединенија во канабисот, дејствуваат преку ендоканабиноидниот систем на телото, кој игра улога во регулирањето на перцепцијата на болката. Терапевтските својства на канабисот се признаени од многу регулаторни тела вклучувајќи ја и Американската агенција за храна и лекови (ФДА).
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Викендот со стабилно време, дожд се очекува од вторник
За време на викендот ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во сабота и недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер, претежно од југоисточен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од -3 до 2 степени, додека дневните максимални ќе достигнуваат од 6 до 13 степени.
Во текот на викендот во Скопје се очекува променливо облачно и тивко време, со појава на магла, особено во утринските часови. Минималната температура ќе се спушта до -3 степени, а максималната ќе достигнува околу 8 степени.
Според УХМР, стабилното време ќе се задржи до вторник, по што кон крајот на денот и во следните денови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на планините и повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Нема толеранција за узурпација: Скопје почна голема акција за расчистување на јавниот простор
Град Скопје започна сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.
Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, акцијата се спроведува без никакви отстапки и со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.
„Нема толеранција кога узурпацијата на јавниот простор е во прашање. Започнавме голема акција за расчистување на бесправно изградените објекти и нема да има никакви отстапки“, напиша Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочува дека тротоарите, пешачките патеки и јавните простори не смеат да бидат заложници на лични интереси и дека повеќе нема компромис кога се во прашање узурпациите што го нарушуваат животот, движењето и безбедноста на граѓаните.
Според градоначалникот, акцијата ќе продолжи со силно темпо и ќе ја опфати целата територија на Скопје.
Воедно, тој ги повикува граѓаните активно да се вклучат и да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор, со цел да се изгради град во кој владеат ред, достоинство и еднаква пристапност за сите.
Македонија
Мицкоски најави две нови странски инвестиции од 80 милиони евра
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, дали има најава за нови инвестиции во државата, информираше дека веќе има потврда за две нови странски инвестиции во вкупна вредност од околу 80-тина милиони евра.
„Па да, ние генерално, преговараме со многу компании коишто доаѓаат надвор од земјава, коишто ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви. Една турска, една германска, коишто вкупно ќе инвестираат околу 80-тина милиони евра. Извозот којшто двете заедно ќе го прават од Македонија ќе биде над 200 милиони евра и вкупно двете компании би требало да вработат некаде околу 1.000 вработени. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија, што посебно нè прави горди“, изјави Мицкоски.
Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно се зголемат до крајот на годината.
„До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а во следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме, да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но, се разбира, и компании коишто доаѓаат од надвор, а коишто пројавуваат интерес да инвестираат тука, се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип на инвестиции во висока технологија“, објасни премиерот.

