Контакт

Македонија

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Објавено пред

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Ескобар рече дека Северна Македонија е културен, историски и економски дел од Европа и заслужува место на масата на ЕУ. Во тој поглед, како што нагласи Ескобар, САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите да се покаже флексибилност во процесот на европските интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес.

Претходно, Ескобар се сретна и со претседателот Стево Пендаровски.

Македонија

(Видео) Арсовски: Антикорупциска чека инструкции од СДСМ дали да отвори случај за Калеска-Ванчева

Објавено пред

Трет ден молк и трет ден ни трага ни глас од СДСМ во врска со случајот за адвокатското друштво на нивната пратеничка и претседателка на форумот на жени, Калеска-Ванчева. Тоа што молчат значи дека потврдуваат дека нивната пратеничка инкасирала 55.000 евра од државните институции кои ги раководеле кадри на СДСМ, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„ Молчат и не негираат бидејќи се свесни дека се фатени со рацете во медот, па велат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ биле разочарување. Вака, не се покрива скандал. Зошто, затоа што работат по 20 часа на ден и затоа што не ѝ даваат паушали од општините и јавните претпријатија на Калеска-Ванчева? Најверојатно затоа мислат дека се разочарување. Не, напротив, не се разочарување, туку се пример како треба да се водат и раководат институциите.

Замислете, колку е неетички и лицемерно и срамно, да продаваат памет во јавност, да сеат ветер и магла овие лица од СДСМ кои секојдневно ги гледаме, кои што ги крадат граѓаните и државата, да говорат за правна држава, некорумпиран систем и како тоа треба, како тие практично се чесни, а од друга страна гледаме дека ѝ се смеат на целата јавност и држава во лице преку вакви случаи и скандали каде што инкасираат нивните функционери и нивните фирми пари од државата и од јавните претпријатија, односно локалната самоуправа додека биле под водство на СДСМ“ истакна Арсовски.

Тој нагласи дека пет институции кои ги воделе кадри на СДСМ, блиски до Калеска-Ванчева, блиски до Зоран Заев, блиски до сегашниов Димитар Ковачевски, платиле на адвокатското друштво на Калеска-Ванчева, која како што рече, е една од најгласните пратенички во Собранието која го брани криминалот на Владата на СДСМ.

„ Значи кога се даваат пари на луѓе блиски до СДСМ и функционери од СДСМ тоа е чесно и етички, а во секој друг случај каде што парите не завршуваат во џебот на СДСМ, тоа не е во ред и е проблем. Директорите од СДСМ го ангажираат друштвото на Калеска-Ванчева и му плаќаат 55.000 евра. Толку пари обичен човек или адвокат на толку лесен начин не може и нема можност да заработи ниту за два животи. Напротви, обичниот човек и обичните адвокати кои немаат вакви повластувања, треба да се откорнат од работа за да заработат. Но, затоа овие од СДСМ можат на едноставен и лесен начин.

Сакаме јавно да ги прашаме СДСМ: Дали овие 55.000 евра се единствените пари што ги инкасирало друштвото на Калеска-Ванчева додека се на власт или има и други институции каде што биле закачени на државна сметка? Дали ќе чуеме некаква, било каква реакција, макар и извинување од повиканите директори и министер кој што бил во образование и наука од СДСМ, што им ги потпишале овие 55.000 евра или пак евентуално да чуеме било каква реакција од Калеска-Ванчева?“ праша Арсовски.

Тој ја обвини Антикорупциската комисија дека спиела или дека не добиле инструкции дали смеат да отворат случај за овој предмет, а, како што рече, можеле да отворат уште денес.

„ Ако на некој не му е јасно зошто сме на дното по индексот на корупција, тоа е затоа што не добиле сѐ уште антикорупционерите инструкција да отворат случаи за вакви работи и едноставно да ги средат и санираат. На целата држава и јавност им е јасно како функционира антикорупциската комисија. Дали можеби нивниот молк е затоа што корупцијата потекнува од таа институција? Проценете сами“ заклучи Арсовски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Митева: Јанчева и Шилегов во кафеана направиле сметка од 91.560 денари

Објавено пред

Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов со пари на скопјани се гоштевале со скапи јадења и пиеле алкохолни пијалоци стари 12 години, обвини на денешната прес-конференција, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Како што кажа таа, на предновогодишна забава Јанчева и Шилегов потрошиле 91.560 денари, фактура потпишана од Јанчева, а платена од Град Скопје, од парите на скопјани.

„Од документот со потписот на Јанчева се гледа дека на два дена пред Нова година таа и Шилегов потрошиле 91.560 денари. Шилегов и Јанчева за еден ден во кафеана потрошиле шест минимални плати. За еден ден, за неколку часа во кафеана тие потрошиле пари со кои можеле 6 семејства да го поминат месецот.

Од фискалната сметка се гледа што порачувале Јанчева и Шилегов. Додека половина милион луѓе живеат во исклучително тешки услови, Љубица Јанчева и Шилегов пиеле ексклузивно виски ‘Џони Вокер’ барикирано 12 години, виски ‘Џејмисон’ и ‘Џeк Дениелс’, но и ‘Чивас Ригал’.

Ова специјално друштво имало и специјална порачка од кујната во висина од 60.000 денари, без спецификација што содржела таа порачка. Посебна сметка имало и за Петре Шилегов, кој порачал бифтек на путер од 2.400 денари една порција“, посочи партиската портпаролка која додаде дека СДСМ продолжува со манипулирање на јавноста затоа што, како што рече, им е нарушен комодитетот и луксузот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ноќна автобуска линија во општина Илинден

Објавено пред

Со цел подобра комуникација со централното градско подрачје, по барање на жителите на општина Илинден, од ноќеска почнува да функционира пробна ноќна линија со број 63Б, која ќе сообраќа од Транспортен центар до Мралино во сабота и недела во терминот 00:15 часот, информираат локалните власти.

Ова било договорено на работната средба помеѓу градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски и новиот директор на ЈСП, Иван Илиевски.

Како што информираат од општината, на средбата се разговарало и за подобрување на јавниот автобуски превоз со зголемување на бројот на линии и автобуски постојки на цела територија на Илинден.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ26 минути

„Ауди“ со деветмина мигранти излетало од патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во полициската станица Валандово утрово било пријавено дека на регионалниот пат Р 1401 Валандово – Струмица возило „ауди“, со скопски...

Свет1 час

(Видео) Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина

Тензиите меѓу Украина и Русија растат со месеци откако Кремљ почна да собира војници во близина на границите на Украина....

Македонија2 часа

На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје вчера за првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад...

Свет4 часа

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет5 часа

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет6 часа

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија19 часа

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет22 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија23 часа

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ1 ден

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа1 ден

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија1 ден

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа1 ден

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа1 ден

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија2 дена

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија2 дена

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија2 дена

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ2 дена

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија2 дена

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Досие